сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Младите бегат од помалите средини во Србија, но еден град на југот успева да ги задржи

Многу луѓе заминуваат во големите градови да ја бараат среќата. За разлика од нив, јас дојдов во Медвеѓе и од тука не планирам да си одам, бидејќи најдов прекрасно место за живеење.

Ова за „Блиц” го изјави Бранко Грујиќ (32), кој пред три години од мало место во околината на Бања Лука се преселил во јужна Србија, во општина Медвеѓа, да работи во рудникот „Леце” како инженер по рударство.

Бранко е само еден од многумина кои во последните две-три години се доселиле во Медвеѓа токму поради работа.

– Животот во Медвеѓа ми се допаѓа бидејќи местото е мало и мирно. Идеално за семејство, а воздухот е свеж и чист, вели Бранко и со гордост додава дека неговата сопруга и тој очекуваат раѓање на прво дете.

Не само за него, животот во Медвеѓа во последните две години се промени за сите жители. Преродбата на општината се случил кога рудникот „Леце”, кој вработува околу 400 жители и храни неколку илјади луѓе, продолжи со производство со премин во рацете на компанијата „Лајфстон Кепитал”.

– Се додека рудникот е тука, луѓето ќе имаат работа, а Медвеѓа ќе биде живо место како што е сега. Се сеќавам кога дојдов тука, рудникот го запре производството во еден момент и животот во Медвеѓа веднаш застана, се сеќава тој.

Животниот стандард во Медвеѓа беше многу лош до пред две години. А потоа ново раководство го презема рудникот. Почнаа да ги исплатуваат заостанатите плати на работниците, кои од тој момент конечно можеа да сметаат и на редовна плата. Така кон крајот на 2015 година просечната плата во оваа општина била дури 64.157 динари. Како што вели претседателот на синдикатот „Независност” во рудникот „Леце” Горан Ѓукиќ, денес просечната плата е од 55 до 60.000 динари.

– Рудникот е покренувачка сила на Медвеѓа. Во него се вработени 408 луѓе, како од Медвеѓа, така и од околните места. Платите се редовни во ден. Работниците се задоволни, а каде има пари и добри плати, многу е поживо во секој поглед, вели Ѓукиќ.

Во рудникот почнаа да работат и млади инженери, шефови, но и рудари. Како што се развиваше работата, така на југот се доселуваа млади барајќи работа. Полека се отворија нови локали, домашните стопанственици се охрабрија. Животот се врати во Медвеѓа.

– Судбината на рудникот е судбина и на вработените, односно локланите жители во Медвеѓа, бидејќи рудникот е најголем стопански субјект во нашата општина. Застој во работата би предизвикал големи социјални и економски проблеми, вели Небојша Арсиќ, претседател на Општината Медвеѓе.

Тој со гордост вели дека во последните две години во Медвеѓа е запрена миграцијата.

– Ја прекинавме миграцијата. Луѓето почнаа да се враќаат, вели Арсиќ.

Културни настани повеќе од кога било

Како што вели претседателот на општината Медвеѓа, Небојша Арсиќ, општинската управа во последните години работела на развој на целото место.

– Средени се фасадите, улиците се поплочени. Многу направивме на полето на културата, сега има многу повеќе културни настани. Тука има млади луѓе, па се трудиме наскоро да реализираме проект со кој би ги задржале тука, а со кој за околу 20 дипломци кои завршија факултет, ќе им обезбедиме работа. Сите млади луѓе се обидуваме да ги задржиме, да ги уважиме и да видат дека Медвеѓа е добро место за живеење, наведе претседателот.

Блиц – Белград/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.