сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Компаниите бараат работници!

Во Македонија има речиси 8 илјади слободни работни места – покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на слободни работни места во првиот квартал од годинава изнесува 1.60%.

Сè повеќе работници се бараат во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, во секторот административни и помошни услужни дејности. Според податоците на Заводот, најмногу слободни работни места има во оние компании со по 10 до 49 вработени, а голем дел од нив се во Пелагонискиот регион.

Ако се направи споредба со податоците на ДЗС за невработеноста, тогаш може да се заклучи дека на пазарот на труд во земјава има значителни разлики меѓу побарувачката и понудата на работна сила. Од една страна, има голем број слободни работни места, а од друга страна околу 225 илјади луѓе се водат како невработени.

Од бизнис – секторот велат дека платата не треба секогаш да биде во прв план, бидејќи е потребно да се стекне и потребното искуство за работа.

„Сите се соочуваме со проблемот на недостиг на обучена работна сила со завршено средно образование, односно технички кадри или мануелни работници. На пример, ако поминете пред пекара во Скопје, секаде ќе прочитате дека се бараат работници. Зошто никој не сака да работи во пекара? Тоа е добра и сигурна работа, иако треба да се стане рано“ – вели првиот човек на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.

Над 70 илјади активни компании

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во земјава има 71.519 активни деловни субјекти. Најголемиот дел од нив се занимаваат со трговија на големо и мало, а солиден број има и во преработувачката индустрија.

Најголем број од компаниите, односно 79.3% имаат од 1 до 9 вработени. Потоа следуваат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (11.3%), па субјектите со 10 – 19 вработени со 4.3%, па фирмите со 20 до 49 вработени чие учество изнесува 2.8%, 1.9% од компаниите имаат од 50 до 249 вработени, а само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Статистиката покажува дека има голем потенцијал за развој на македонскиот приватен сектор, но е потребна поддршка.

„Во фокусот треба да бидат домашните компании, инвестирањето во нивниот развој како генератори на економскиот пораст на националната економија. Потребно е да се овозможи функционален систем за справување со сивата економија, од каде што нема придонес во буџетот преку плаќање даноци и придонеси“ – вели претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

Потребни се структурни реформи

Домашните компании, но и меѓународните финансиски институции ја советуваат земјава да се почне со промени во образованието, со цел да се надминат дел од структурните проблеми на пазарот на труд.

„Под влијание на активните политики на пазарот на труд и растот на широка основа, севкупната стапка на невработеност се намали за 10 процентни поени од 2008-та година. Сепак, стапката е сè уште висока и станува збор за структурна невработеност како одраз на недостигот на обучена работна сила. Активните политики на пазарот на труд кои се насочени кон работниците даваат резултат и треба да се продолжи со нив, притоа да се земат предвид фискалните трошоци“ – напиша Меѓународниот монетарен фонд за пазарот на работна сила во Македонија.

Претходно и Светска банка го нотираше клучните предизици, како намалената продуктивност, стареењето, редуцирањето на активното население, падот на едуцираниот кадар.

„Невработеноста продолжи да се намалува поради буџетски интервенции за создавање работни места и поради намалувањето на работната сила. Економскиот раст се подобри со значителни опаѓања на невработеноста и сиромаштијата“ – оцени директорката на Светска банка за Западен Балкан, Елен Голдстин.

Оттука, Советот на странски инвеститори во земјава бара да се воведе сериозна практична настана уште во средните училишта.

„Во прва година би имало еден ден во неделата работа во фирма, во втора тоа би биле два дена, а една година пред матура половина недела учениците би оделе во фирма на работа и за тоа би примале надоместок. Со тоа фирмите би имале работен кадар кој бил обучуван кај нив, а учениците би имале обезбедено вработување“ – објасни Петер.

„Младите мислат дека веднаш по завршувањето на факултетот ќе можат да се вработат, но не е така. Тие секогаш мора да се дообучуваат за одредени работни места. Младите и додека се на факултет треба да се дообучуваат преку практики и волонтирања за да ја зголемат својата цена на пазарот на труд“ – објаснува Александар Трпковски од невладиниот сектор.

Главните препораки од економистите се да се вложува во работниците, да се прават сериозни промени во средното и високото образование и да се воведе практикантската работа за да се креира кадар со вештини кои одговараат на потребите на пазарот на труд.

Мерки за подобрување на пазарот на труд

Годинава со Оперативниот план се предвидува отворање на 10 илјади нови работни места. Опфаќа поддршка на претприемништвото, на фирмите „газели“, микро, малите и средни претпријатија, се стимулира самовработувањето, практиканството и стекнувањето со нови работни вештини.

„Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ги постигнеме сите предвидени таргети и не само што ќе ја оствариме бројката од минимум планирани 10 илјади, туку ќе оствариме најмалку 5.000 повеќе вработувања“ – вели директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Голем дел од вработувањата се реализирани преку проектите „Македонија вработува“, со кои се активираше расположливата работна сила.

„Субвенционирањето, односно ослободувањето од придонеси во одреден дел е мерка која влијае на активната политика на вработување, со цел да се активираат ресурсите и да се намали стапката на невработеност“ – објаснува професорот Јован Пејковски.

 

 

 

 

 

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.