сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Продолжува протестот на машинскиот персонал во Македонски железници

Машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт по денешната средба со раководството на компанијата најави дека прекинот на железничкиот сообраќај ќе продолжи до исполнување на поставеното барање за зголемување на коефицинетот на сложеност за кое добиле најава за разговори и анализи во наредниот период.

Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, информира дека на средбата со в.д. директорот на МЖ Транспорт Игор Коруновски им било понудено повторно враќање на надоместоците што ги добиваа вработените во железницата за прекувремена работа, како и за ноќна работа, работа во празник и за работа во недела, на износот од пред стапувањето во сила на антикризните владини мерки, а во наредниот период да се прават анализи за барањето за коефициентот на сложеност на работно место.

–  Не отстапуваме од протестот се додека не се исполни барањето за покачување на коефициентот. Разликата во коефициентите и хиерархијата во МЖ Транспорт мора да постои затоа што репер во транспортот е машиновозачот, по кој се редат сите други работни места, изјави Чакаровски.

Машинскиот персонал, како што тврди, протестира заради доцнењето на плата и нејзино селективно зголемување затоа што на другите вработени во МЖ Транспорт веќе им е покачен тој коефициент. Тие бараат покажување на коефицинетот на машинските возачи од 2,7 на 3, на надозрникот на локомотиви од 2,5 на 2,7, на помошниците на машиновозачите од 2,3 до 2,6.

Според в.д. директорот Коруновски, коефициент 3 во МЖ имаат вработените со високообразовен профил, а немало и не смее да има фаворизирање на поединци при покачување на плата.

– Моментно МЖ Транспорт може да го прифати барањето за додатоците на плата и не би имало големо финансиско оптоварување. Во постапка е и набавка на работните униформи, а за другите барања предочивме дека почнуваме анализа на работните места по која би следела одлука во кој дел ќе правиме корекција доколку тоа го дозволува финансискиот буџет во компанијата. Веќе формиравме комисиии за анализа на работните места, изјави Коруноски.

Не сме против зголемување на платите, додаде, но за тоа ќе ни треба добра финансиска анализа и да се одлучиме дали во иднина сакаме да земаме плата во еден, во два дела или воопшто да не земаме плата, а да имаме повисоки коефициенти.

Во товарниот сообраќај, според Коруновски, има значително зголемување на обемот на работа, но тоа не е доволно за да може финансиски да се одговори на сите барања од вработените. Во меѓувреме, како што рече, се прават напори во натамошниот период да се овозможи исплата на платата во целост наместо на два дела како досега, што се прави со постепено доближување на роковите при исплаќањето.

Според Синдикалната органзиација на Влеча на возови, Синдикатот на МЖ Транспорт, и независните синдикати на  машински работници, барања на машинскиот персонал се  астрономски и не може да се добијат.

– Со менаџерскиот тим најдоа решение за ноќната работа во недели и сменски работи да се зголеми процентот од 30 на 50, а веднаш да се почне со работа. Од нас како  репрезентативни синдикати се побара поддршка и се согласивме. За  проблемот со исплатата на платата од пред три месеци се најде  соодветно решение. Се надеваме дека во најкраток можен рок ќе дојде и до целосна исплата. Чекаме да се исплати вториот дел за април, а до крај на  месецот се надеваме и дека ќе ја добиеме и платата за мај и да бидеме изедначени со другите вработени во државата, изјави Ѓоко Илиевски од Синдикатот на влеча на возови.

Министерот за транспорт Горан Сугарески, како што соопшти ресорното Министерство, на средба со синдикатите и раководството во железницата изрази огромно разбирање за настанатите ситуации во компанијата и најавил дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за нивно решавање, како и долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во  Македонија,.

Поради протестот на машинскиот персонал денеска сообраќаат само возовите за Битола и за Гевгелија во 16:55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград. Како што најави Чакаровски, доколку во меѓувреме не се постигне договор со надлежните од утре ќе се пропушта само експресниот воз Белград-Скопје-Солун.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.