вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Пакувањето исто, а содржината – не

Потрошувачите во Источна Европа одамна откриле дека европските производители им испраќаат храна со исти имиња, но со понизок квалитет и сосема различен вкус.

Европското законодавство им дозволува на производителите да го променат составот на прехранбените продукти без да се смени пакувањето. Затоа што купувачите во различни земји нимале различни вкусови. Но купувачите од земјите во Иточна и Централна Европа не се согласуваат со таквото објаснување.

И негодуваат, затоа што според нив производителите им доставуваат далеку понеквалитетни храни, и тоа по повисока цена.

Амбалажата е иста, но што има внатре?

Откако комунистите во Источна и Централна Европа капитулираа, пазарите во тие земји се исполнија со стоки кои претходно не беа достапни.

Денес локалните супермаркети нудат секаде иста храна и напитоци како и насекаде во Европа – тоа е видлив и широкоприсутен резултат од глобалниот капитализам.

Но луѓето во Чешка, Словачка, Полска и Бугарија одамна сфатија дека амбалажата може да биде иста, но содржината – не.

Приказна прва:

Германски супермаркет. Петр Зединек кој дошол од Чешка, зема конзерва со туна риба и се загледува во теикетата со блесок на запрепасетоност во очите.

-Конзерва туна, вели тој.

– Да, одговарам и чекам продолжение.

– Едно евро е цената.

– Да.

-Во Чешка таа чини евро и пеесет.

-Ех.

-Тука рибата е со подобар квалитет, со големи парчиња. Воопшто не личи на оној отпадок кој го продаваат од другатата страна на границата.

Петар става неколку кутии во количката која ја турка пред себе. Со него дошле неговата 19-годишна ќерка Клара и сопругата Сарка. Таа ги разгледува киселите млека. Петар тргнува кон ладилникот со сувомеснати производи. Претура нешто внатре, вади пакување со виршли и ми покажува на крупните букви одзади.

-Виршли. Гледате колкав процент месо има во нив?

Се загледувам: 87 проценти.

-Ја обидете се да најдете виршли со 87 проценти месо во Чешка!, извикува тој и става во количката неколку пакувања. И јас си земам едно.

Патувавме скоро 20 минути до куќата на Петр, Клара и Сарка во Модлан – село крај теплице, за да дојдеме до супермаркетот во германското гратче Алтенрег, на границата со провинцијата Саксонија.

Тие минуваат по истата маршрута три пати во месецот. Кога завршивме со шопингот, багажникот на нивниот автомобил Шкода октавија е полн до врв.

Освен Петр и неговто семејство такви патешествија прават и други. Скоро половината автомобили на паркингот крај супермаркетот се со чешки таблички.

Во продавницата се слуша само чешки јазик, германски зборува само еден човек – тој на касата. Додека купуваме, Петр сретна во супермаркетот еден свој соученик, соселанец од Модлан.

– Да, страшно изгледа да одиш на пат до соседната држава за да пазаруваш од супермаркет, вели Сарка Зединек. „Но таква е ситуацијата. Погледнете ги прехранбените производи и ќе видите дека пакувањата се исти, но содржината сосема различна. Баш невкусно“.

И додава: „Понекогаш ми се чини дека за производителите сме нешто како депонија: тие праќаат се што заостанало во Чешка Република“.

Европските закони им дозволуваат на компаниите да ја адаптираат својата продукција кон локалните вкусови, зачувувајќи го видот на пакувањето. Во секој случај, всушност, составот треба јасно да биде наведен.

Но семејството Задинек и уште стотици, а можеби и илјади како нив, откриле нешто во што гледаат заговор на европските производители.

И не станува збор само за впечатокот дека западната храна е повкусна. Според нив, идентични прехранбени стоки се продаваат во идентични пакувања со една и иста трговска марка, но во Централна и Источна Европа квалитетот им е далеку понизок.

Преработено пилешко

-Земете го тој ладен чај, вели чешкиот министер за земјоделство Мариан Јуречка, отварајќи го лаптопот.

Неговата презентација во пауер поинт го покажува логото на популарниот сладок ароматичен пијалак, кој се продава во супермаркети и по бензинските пумпи низ цела Европа.

– Пакувањето е истото. Изгледа еднакво во чешките и во германските продавници. Но пијалокот кој се пордава во Чешка содржи 40 отсто помалку природен екстракт од чај, а притоа чини поскапо отколку во Германија, вели министерот.

Потоа минува на следниот слајд.

– Или овие месни конзерви. Во Германија изгледаат исто како и во Чешка, продолжува тој. „Но оние кои се продаваат во Германија се правата од свинско, а чешките од преработено пилешко“.

Податоците се резултат од анализата направена во 2015 година, од хемиско-технолошкиот универзитет во Прага.

Триесет студенти мирисале, дегистирале, тестирале на вкус 24 прехранбени производи – кафиња, сирења, чоколади и други, ,кои се продаваат со идентични пакувања во Германија и во Чешка.

Потоа дошол ред на лабораториски испитувања на истите производи. Осум од тие (или 35 проценти од сите) покажале суштински отстапки од составот и квалитетот.

Чешкиот аграрен министер гледа скептично на изјавите од производителите, дека се прилагодувале кон вкусовите на локалното население.

Колективен притисок

Може и да нема ништо противзаконско во продажбата на различна храна во иста амбалажа, но според чешкиот министер не е етички да се постапува така.

Затоа тој и неговите колеги од Словачка и Унгарија собираат информации кои ќе ги испратат во Европската комисија. Нивен стремеж е да се донесе закон со кој се задолжуваат производителите да сопрат со таа пракса.

Ова прашање стана приоритетно за Вишеградската група, која ги вклучува Чешка, Унгарија, Словачка и Полска.

Но не сите сметаат дека темата заслужува поголемо внимание.

Неодамна, чешки аналитичар се изјасни во смисол дека додека Западна Европа е зафатена со решавањето на конфликтот во Сирија и кризата со мигрантите, владите во Источна Европа се загрижени за составот на јатките во продавниците со храна.

Не треба ли политичарите да го занемарат тој проблем и да остават пазарот сам да си го реши?

-Пазарот веќе решава штом веќе луѓето патуваат секоја недела преку граница за да пазаруваат храна, возврати Петр Зединек.

-Но според мене државата треба некако да се вклучи во решавањето на проблемот за да сопрат производителите да ги ограбуваат купувачите, додава тој.

Би-Би-Си – Лондон/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.