четврток, 23 ноември 2017 Вести денес: 0

Повисоките трошоци ќе ги поскапат становите?

Растат трошоците за изградба на нови станови. Државниот завод за статистика ги објави податоците на кои се повикуваат домашните градежни компании и кои влијаат во калкулациите при склучувањето на договорите. Во првите три месеци од годинава во однос на последниот квартал лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемиле за 0,5%, материјалите поскапеле за 3,2%, додека трошоците за вработени се намалиле за 5,3%. Доколку, пак, се направи споредба со првите три месеци од 2016 година, тогаш поскапувањето е регистрирано во трите сегменти. Дали ова ќе влијае врз цените на станбениот квадрат?

Градежниците во изминатиов период испраќаа пораки дека поевтинување не е опција, иако тоа беше прогнозата на Агенцијата за катастар на недвижности.

„Погрешна е логиката дека цените на становите треба да паѓаат зашто секое поевтинување значи послаб квалитет. Тенденција е цената да расте зашто се вградуваат сè поквалитетни материјали“ – изјави бизнисменот Ивица Јакимовски.

Градежниците велат дека на пазарот се нудат квалитетни станови, енергетско ефикасни, асеизмички изградени. Нивните проекции покажуваат дека пазарот на недвижности е стабилен, па цените би останале на ова ниво.

„Осцилациите од 5 до 10% годишно се нормални во пазарна економија, дури се и позитивни за бизнисот. Во високоградбата, која 99 до 100% е приватна инвестиција, исклучиво пазарот ги диктира условите“ – вели бизнисменот Зоран Азманов.

Домашните приватни компании тврдат дека не може да се понуди квалитетна градба по пониски цени.

„За добар, квалитетен стан, 400 евра е само почетната инвестиција, а во текот на градбата се вложуваат уште минимум 600 евра“ – објаснува бизнисменот Ванчо Чифлиганец.

Цените на квадратот на атрактивни локации во Скопје се движат од 1.000 до 1.200 евра.

3.483 нови станови за една година

Последните податоци на Заводот за статистика покажуваат дека компаниите во 2016 година граделе 2.302 објект. Завршиле 3.483 станови со вкупна корисна површина од 214.304 квадратни метри. Становите се со просечна квадратура од 61,5%. Податоците покажуваат дека најмногу се градело во Скопскиот регион, па следуваат Југозападниот и Источниот регион.

Позитивните трендови продолжија и годинава. Во јануари беа издадени одобренија за изградба на 503 станови со вкупна корисна површина од 47.421 квадратни метри, во февруари се продолжи со уште 705 станови со површина од 72.177 квадратни метри, додека во март беше регистриран бум во однос на издадените одобренија за изградба на нови 929 станови со вкупна корисна површина од 75.886 квадрати метри. Збирниците податоци на Заводот за статистика покажуваат дека само во првиот квартал од годинава е дадено зелено светло за изградба на 2.137 станови.

„Зголемениот број на одобренија за градба, стабилниот пазар на недвижности и немање осцилација во цената, тоа се показателите дека градежништвото засега е во добра кондиција“ – вели претседателот на Градежната комора при ССК, Роберт Хот.

Пад на побарувачката во првиот квартал

Македонија од 18 март 2015 година има Регистар на цени и закупнини. Граѓаните преку него имаат пристап до сите информации за трансакциите со недвижен имот.

Иако податоците на Заводот за статистика ги поткрепуваат тврдењата на градежните компании дека забрзано се гради (зголемена понуда), сепак, податоците од Регистарот на цени покажуваат дека во првиот квартал има значителен пад на трансакциите, од 5.332 во првиот квартал лани на 2.590 годинава (пад на побарувачката).

„Во првиот квартал на целата територија на Македонија е продаден новоизграден 51 стан, за 311 помалку од четвртиот квартал во 2016 година. На крајот од првото тримесечје имало 3.030 станови кои се изградени, а сè уште не биле продадени, а се нудени на пазарот на недвижности“ – стои во Извештајот на Катастарот.

Најбарани се становите од 40, 50 и 60 квадратни метри, особено во Аеродром и во Карпош.

Грозданов: придонесовме за намалување на цената

Конкуренција на домашните приватни компании им прави Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Освен што гради комерцијални станбени единици, со парите од нивната продажба за финансира изградбата на социјални згради.

„Со изградбата на згради за комерцијална употреба во изминатите неколку години значително се придонесе за намалување на цената за квадратен метар во Скопје. Од 2007-та досега се доделени 1.100 стана на социјално загрозени семејства, а 10% од изградбата на комерцијалните станови се доделуваат на деца без родители, откако по осумнаесеттата година ќе излезат од установите каде што биле сместени“ – изјави неодамна првиот човек на Акционерското друштво, Цветко Грозданов.

И покрај тврдењата на приватните градежни компании, сепак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека становите поевтиниле во изминатата година. Во Скопје, цената на квадратот во 2016 година се намалила за  3,9%, па просечната цена изнесувала 50.829 денари (826 евра) без ДДВ. Во Македонија, пак, цените се намалиле за 6,5%, а пресметаниот просек изнесува 43.091 денари (700 евра) без ДДВ.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.