вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Тешко до просечен раст од над 5%

Меѓународните финансиски институции контра проекциите на Владата предводена од СДСМ. Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската банка за обнова и развој, Европската унија, како и Народната банка на земјава излегоа со прогнози за раст на македонската економија кои се далеку под ветувањата на социјалдемкратите на Зоран Зоран.

„Приоритет на Владата во економијата ќе биде развојот на домашните претпријатија, пред сè на малите и на средните претпријатија. Ќе се создаде здрава и предвидлива деловна клима, без политички притисоци и репресии. Посебно внимание ќе се посвети на поврзување на домашните претпријатија со странските во технолошко – индустриските развојни зони. Нашата цел е остварување на просечна стапка на раст на економијата повисока од 5% во периодот на мандатот“ – пишува во Програмата за работа на Владата 2017-2020 година.

Министерот за финансии Драган Тевдовски се чини дека ќе има ѓаволски тешка работа да го исполни ова ветување, особено ако се имаат предвид актуелните проекции за македонското стопанство.

Какви се проекциите на меѓународните институции?

Светската банка на почетокот на месецов ги соопшти новите проекции за македонската економија. Во најновиот извештај „Глобални економски перспективи“ е наведено дека растот на БДП во 2017 година ќе изнесува 2,8%, идната година ќе достигне 3,3%, а во 2019 година ќе имаме раст на економијата од 3,8%. Овие прогнози се далеку од очекувањата на СДСМ.

Во април и Меѓународниот монетарен фонд изврши надолна ревизија на проекциите. Па така, сега монетарците прогнозираат дека македонската економија годинава ќе има раст од 3,2% (според есенската прогноза годинава требаше да ја завршиме со 3,5%), следната година растот на БДП би изнесувал 3,4%, а очекувањата до 2022 година се за позитива од 3,8% (повторно далеку од најавите на СДСМ).

Надолна корекција изврши и Европската банка за обнова и развој. ЕБОР во ноември ни прогнозираше раст на БДП од 3% годинава, но проекцијата ја намали до ниво од 2,4% (како во 2016 година), а в година би стигнале до 3%. И овие проекции се далеку под она што го најави СДСМ.

Ништо пооптимистки настроена не беше ниту Европската комисија при соопштувањето на пролетната прогноза. Брисел во мај наведе дека годинава Македонија ќе ја заврши со раст на економијата од 2,9%, а идната година од 3,2% раст на БДП.

„Бизнис-довербата во Македонија беше исфрлена од долготрајната политичка криза која ја ограничи способноста на Владата за спроведување на јавните инфраструктурни проекти“ – соопшти Брисел.

„Стандард и Пурс“ во март излезе со уште поригорозна оценка. Кредитната агенција сметаше дека политичката ситуација станала покомплицирана по одржувањето на изборите, па новата Влада не може да биде стабилна и реформска.

Домашни проекции за економскиот раст

И проекциите на домашните институции се далеку под очекувањата и предвидувањата на СДСМ. Во очекување на одлуката кога ќе се прави ребаланс на државната каса, треба да се напомене дека актуелниот буџет е правен со проекција за раст од 3%. Во документот е наведено дека разрешувањето на политичката криза ќе има позитивно влијание врз очекувањата и довербата на економските субјекти и ќе се одрази преку зголемен раст на инвестициите и потрошувачката, а ќе прати и позитивен сигнал за странските инвеститори.

Народната банка, пак, веќе изврши надолна корекција на проекциите. Сега за годинава се очекува раст од само 2,5%, а в година од 3,2% (претходните проекции беа позитива од 3,5% и од 3,7%).

„Клучните претпоставки на априлските проекции се задржување на здравите фундаменти на домашната економија, продолжени негативни ефекти од политичката криза врз однесувањето и довербата на потрошувачите и инвеститорите, како и претпоставка за постепено разрешување на кризата во текот на годинава, стабилизирање на амбиентот и исцрпување на неповолните ефекти до крајот на годината.  – Во вакви услови очекуваме економијата да  покаже потенцијал за умерен економски раст,  стабилни  цени, умерен дефицит во тековната сметка и солиден депозитен и кредитен раст во текот на 2017 и 2018 година“ – изјави гувернерот Димитар Богов.

Овие очекувања на Централната банка, која вообичаено е најблиска со проекциите до реалните остварувања, сè уште се далеку под најавеното во програмата на Владата, предводена од СДСМ.

Заев најави ребаланс, ВМРО-ДПМНЕ го бара ветеното

Премиерот Зоран Заев за во септември најави прекројување на државната каса. Ќе почека да добие извештај за состојбата на буџетот од министерот Тевдовски.

„Мој прв впечаток е дека есенва мора да следува ребаланс на буџетот заради новата владина програма и политики, но тоа зависи и од моменталната финансиска кондиција и ликвидност на буџетот на Република Македонија“ – изјави Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, имаат сериозни забелешки за кадрите кои треба да привлекуваат странски инвестиции. Бараат работата да не остане само на празни ветувања, вклучувајќи ја и најавата за раст на економијата од најмалку 5% годишно.

„Граѓаните сакаат да видат резултати. Во делот на економскиот напредок на нашата држава, владата на Заев им вети на граѓаните отворање на 64.000 нови работни места во приватниот сектор, просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари, а докторите ја очекуваат ветената плата од 100.000 денари. Граѓаните ги очекуваат инвестициите во нови 500 километри автопат и ветената повисока стапка на раст на економијата од најмалку 5% годишно“ – изјави Кристијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека највисоките стапки на раст на БДП се остварени во првите години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, пред светската економска и финансиска криза, од 5%, 6,1% и 5% во 2006, 2007 и 2008 година.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.