сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Трендови во мобилната телефонија

Се намалува бројот на активни претплатници во мобилната телефонија – покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации. Објавен е извештајот за крајот на 2016 година. Вкупниот број на претплатници во земјава изнесува 2 милиона 50 илјади 494, што е за 1,6% помалку од претходната година. Најголемиот дел од нив сè уште користат при-пеид услуги (1.045.224), но нивниот број постепено се намалува на сметка на пост-пеид корисниците.

„Кај вкупниот број на реализирани повици во мобилни комуникациски мрежи може да се забележи пад од 1,32% во однос на претходниот квартал и пад од 1,17% во однос на четвртиот квартал од 2015 година“ – се вели во анализата на АЕК.

Како е поделен вредниот колач?

Податоците на Агенцијата за електронски комуникации покажуваат дека двата доминантни оператори, Македонски Телеком и ОНЕ.ВИП, на крајот од минатата година имале речиси идентичен број на претплатници. Учеството на Телеком на 31.12.2016 година изнесувало 49,48%, кај ОНЕ.ВИП биле 49,36% од претплатниците, додека Лајкамобајл успеал да освои 1,16% од пазарот. Сепак, треба да се анализираат и трендовите. Телеком и Лајкамобајл бележат раст, а кај ОНЕ.ВИП има пад на бројот на корисници.

„За период од четири квартали, Македонски Телеком бележи раст од 0,89 процентуални поени, а Лајкамобајл бележи раст од 0,79 процентуални поени за период од два квартала. ОНЕ.ВИП бележи пад од 2,05 процентуални поени за период од четири квартали“ – се вели во анализата на АЕК.

Телеком со најголеми приходи

Македонски Телеком е лидер на пазарот кога е во прашање пазарниот удел во остварените приходи од обезбедување мобилни комуникациски услуги (започнување повик, месечната претплата, приходите од пренос на податоци, терминална опрема, СМС, ММС, роаминг и слично). Па така, Телеком има удел од 51,67%, а по него следува ОНЕ.ВИП со 48,25%. Лајкамобајл го зголемил бројот на претплатници, но учеството на овој оператор во вкупните приходи е незначително со 0,08%.

Македонски Телеком на Берзата веќе ги објави податоците за работењето и во првите три месеци од годинава. Нето-добивката е зголемена за 31,7% во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 329.931 илјади денари. Компанијата наведува дека приходите од продажба се намалени за 1,2%, но намалени се и оперативните трошоци за 3,5%. Помал е и бројот на вработени.

„Трошоците за вработени се намалени за 13,1% на крајот од првите три месеци од 2017 година во споредба со истиот период од претходната година. Намалувањето се должи на помалите трошоци за плати заради намалениот број на вработени“ – соопшти компанијата.

Повеќе разговори во сопствената мрежа

Корисниците на мобилни телефони најчесто разговараат во сопствената мрежа. 73,84% од сообраќајот завршува во сопствената мобилна мрежа. ОНЕ.ВИП во обемот на реализиран појдовен сообраќај учествува со 59,36%, Телеком во овој сегмент има пазарен удел од 40,54%, а Лајкамобајл учествува со 0,10%.

Претплатниците просечно зборуваат по 205,12 минути.

„Времетраењето на единечен повик по претплатник кај Македонски Телеком изнесува 1,72 минути, кај претплатник од ОНЕ.ВИП изнесува 2,06 минути, додека кај Лајкамобајл времетраењето на единечен повик изнесува 2,80 минути. Споредено со претходниот квартал времетраењето на единечен повик по претплатник е намалено единствено кај ОНЕ.ВИП“ – покажува извештајот на АЕК.

Интерес за влез на нов оператор

Влезот на нов мобилен оператор во Македонија треба дополнително да го раздвижи пазарот и да ја засили конкуренцијата, особено по спојувањето на подружниците на Телеком Словенија и на Телеком Австрија, односно на ОНЕ и на ВИП. Од Агенцијата велат дека има компании кои се заинтересирани за ваков чекор, но конкуретни понуди не се пристигнати. Како причина се посочува политичката криза.

„Нашата Агенција направи сè што е потребно за да овозможи услови за влез на нов оператор. Ослободивме нов фрекфентен простор, изменета е регулативата, сите услови се остварени. Реализирани се контакти со оператори, имаше и интерес, но засега ситуацијата е ставена на стенд-бај“ – вели првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Сашо Димитријоски.

На што се жалат корисниците?

До Агенцијата за електронски комуникации пристигнуваат и оправдани и неоправдани поплаки од граѓаните. Најчесто, проблемот е околу висината на сметките и квалитетот на услугите.

Лани, 20,2% во вкупните спорови се однесувале на говор во мобилната телефонија, 18,1% се за мобилен интернет, 6,4% за ДВБ-Т, 5,5% за говор во роаминг, 5,3% за кабелска телевизија, 4,6% за ИПТВ. На споровите за интернет преку фиксна телефонија отпаѓаат 4,2%, за говор во фиксна телефонија 2,9%, а за преносливост на броеви 1,9%.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.