понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Предвремени парламентарни избори на Косово

Во Косово денеска се одржуваат избори, една година пред редовниот рок на кој граѓаните ќе изберат претставници во 120-члениот парламент.

Првата косовска Влада на широката коалиција падна поради несогласувањата околу договорот за разграничување со Црна Гора, чија ратификација беше услов за приближување кон ЕУ.

Кандидати номинирале сите 19 политички партии, 5 коалиции и две граѓански иницијативи. Косово прогласи независност во 2008 година.

Изборите ќе ги следат вкупно 29.264 домашни и меѓународни набљудувачи.

– Најголем број или 15.784 се набљудувачи на коалициите учеснички на изборите, 8.830 се набљудувачи од домашни невладини организации, 3.657 се од полтичките партии учеснички на изборите, 468 се набљудувачи акредитрани да ги претставуваат домашните, а 36 странските медиуми. Седум меѓународни организации ќе имаат 301 набљудувач, 27 набљудувачи ќе бидат од меѓународни институции, односно групата за менаџирање на избори од разни земји во светот, еден е од домашна институција и 160 од осум амбасади, стои во соопштението на Централната изборна комисија.

Според анкетите на јавното мислење, се очекува на изборите да победи „националистичката коалиција“ на Демократската партија на Косово (ПДК) на косовскиот претседател Хашим Тачи и Алијансата за иднината на Косово (ААК) на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, кој би можела да се најде во позиција самата да ја формира следната влада.

ПДК на Тачи до мај беше дел од владината коалиција со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Иса Мустафа, но Владата се распадна поради нејзината неспособност да го протурка договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Со договор се определуваше граничната меѓу Косово и Црна Гора, но неговите противници го оценуваат како штетен и тврдат дека Приштина со него отстапила „дел од територијата кој е важен за косовските овчари“.

Иако усвојувањето на договор за границата е поставено како директен услов за косовските граѓани за да добијат безвизно патување во Европската унија, ПДК се приклучи кон опозицијата и пред неговата ратификацијата и нејзините пратеници се изјаснија за недоверба на Кабиентот на Мустафа.

Граѓаните на Косово денес се единствените на Западниот Балкан на кои им требаат визи за патување во ЕУ.

Договорот за границата е само едно од прашањата кои косовските власти го одлагаат и покрај притисокот од ЕУ, која бара Косово да го подобри и правниот систем и да се справи со криминалот и корупцијата, како услов за напредување кон кандидатурата за членство во Унијата.

Покрај ова, Косово мора да ја раздвижи замрзнатата економија и да ги подобри условите за живот и за вработување. Десетици илјади граѓани на Косово во 2015 и 2016 година заминаа во ЕУ барајќи работа.

Според податоци на Програмата на ОН за развој (УНДП), во Косово во моментов нивото на сиромаштија изнесува 30 проценти, а стапката на невработеност 33 проценти, при што речиси 60 проценти од младите на возраст меѓу 15 и 24 години се невработени.

Ако Тачи и Харадинај ја формираат следната влада, тие ќе се соочат со истите проблеми, но и со горчливиот вкус да ги продолжат преговорите со Србија под покровителство на ЕУ и да бидат обвинети од новиот специјален суд за воени злосторства.

Специјалниот суд, создаден на крајот на 2016 во Хаг, има за цел да ги истражи обвинувњата за воени злосторства од страна на поранешната Ослбодителна војска на Косово (ОВК), по што со обвиненија би можеле да се соочат некои од водечките косовски политичари, меѓу кои и Тачи и Харадинај.

Судот за воени злосторства, кој работи според косовските закони, беше создаден во странство, затоа што се сметаше дека локалниот правосуден систем не е способен да одолее на влијанието на поединци и да ги заштит сведоците.

По изборите ќе се очекува Приштина да се врати кон нормализирање на врските со Србија, согласно рамковниот договор постигнат со посредство на ЕУ пред четири години, независно од ветувањата на Тачи и Харадинај кон избирачите дека ќе бидат потврди кон Белград и Србите. Рамковниот договор беше проследен со конкретни договори за транспорт, енергетика, гранична контрола, телекомуникации и правата на Србите во Косово, од кои многу малку беа реализирани и покрај притисокот од ЕУ.

Ако Тачи и Харадинај победат врз основа на својата во голема мера популистичка и националистичка изборна платформа, по изборите веројатно ќе се соочат со притисок од внатре да ги исполнат своите ветувања, но и од надвор, од ЕУ и САД, да ги исполнат ветувањата преземени од претходните влади.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.