вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Совети за безбедно патување во лето

Периодот на летните одмори и официјално почна. Топлото сонце, песочните плажи, високите планински врвови и ладот под густата дабова шума, се само дел од предизвиците поради кои со нетрпение чекаме да седнеме зад воланот и да се впуштиме во летна авантура со најблиските. Фреквенцијата на автомобили и зголемениот интензитет на сообраќај, овој период од годината, бараат одговорност: внимателно учество во сообраќајот и соодветна проверка на возилото пред секое патување, се вели во соопштението на РСБСП.

„Колку подолго патување, толку потемелна подготовка на автомобилот“.На прво место е техничката проверка на автомобилот – превентивна техничка проверка во станиците за технички преглед и редовен сервис во овластен сервисер. Искусните возачи многу често знаат да препознаат некој проблем во автомобилот и се во состојба самостојно и соодветно да ги проверат сите важни параметри, но сепак најсигурно е ако техничката проверка биде направена од овластени и стручни лица.

Најважните работи кои секој возач може самостојно да ги направи, а кои РСБСП ги препорачува  за „неопходни“ пред секое патување се:

  • Пред самото патување задолжително проверете го притисокот на гумите, длабочината на шарата и секако проверете ја резервната гума, но и дали алатот за нивно менување е комплетен и е на место.
  • Проверете ги течностите во возилото. Маслото, течноста за кочниците и течноста во ладилникот. Секогаш имајте навика да понесете резерва од сите овие течности.
  • Проверете го акумулатоторот и бришачите и количината на течност за нив.
  • Проверете ја светлосната сигнализација – фаровите, стоп-светлата, трепкачите… Секогаш имајте при рака барем нешто од основниот алат заедно со електрични светилки, а по можност и резервни батерии.
  • Резервниот клуч од автомобилот оставете го кај личноста која наједноставно ќе ви го достави доколку се случи да го загубите клучот или да го заклучите во автомобилот.
  • Проверете и дополнете го сетот за прва помош и сетот за итни ситуации.
  • Проверете го детското седиште и исправноста на сигурносните појаси. Сигурносниот појас и детското седиште нека бидат ваш партнер во патувањето. Тој е поставен да ве заштити вас од повреди и загуби. Малата некомфорност во текот на патувањето, не е ништо во споредба со сигурноста која ја дава појасот и седиштето.
  • Проверете ја работата на клима уредот и обезбедете доволно гориво во резервоарот затоа што сообраќајниот метеж може да ве остави заглавени во сообраќај подолго време. Не дозволувајте горивото да дојде на резерва за да почнете да ја барате следната бензиска пумпа.

Особено важно за безбедноста на сите учесници во сообраќајот и на сите патници кои се во возилото со вас, е да патувате во раните утрински часови, одморени и наспани. Долгите патувања, гужвите и високите температури предизвикуваат замор, па затоа, најдобро е да бидете добро одморени и свежи додека го управувате автомобилот. Консумирајте повеќе течности и почесто одмарајте. Не возете повеќе од 3 до 4 часа без пауза, колку и да се чувствувате одморено. Менувајте се со останатите возачи во автомобилот. На премногу долги и напорни возења, препуштете го воланот на оној кој е најподготвен за возење во моментот.

Практикувајте да ги запознаете пријателите и семејството со планот на патувањето за да имаат увид во планираната временската линија и да се подготвени да реагираат во итни случи и секако проверувајте ја временската прогноза, како за деновите и за местото каде ќе го минете одморот, така и за местата низ кои минува патот. Подгответе се за патот соодветно на предвидените временски услови.

Други важни работи што РСБСП ве советува да ги практикувате, навидум не толку важни, а верувајте ќе ве спасат од многу непријатности, се:

  • Понесете одредна залиха храна и течности. Во непланирани ситуации, како застој во сообраќајот, проблем со автомобилот и слично, залихите на храна и течности можат да ти бидат од голема важност.
  • Обезбедете полначи за мобилните телефони за во кола.
  • Навигациска помош. Дури и кога имате GPS уреди во автомобилот, или на мобилниот телефон, понесете со вас обична хартиена мапа на патот.
  • Проверете ги уште еднаш потребните документи за возилото – возачка, сообраќајна, Зелен картон ако патувате во странство, како и дозвола за управување туѓо моторно возило во странство, ако автомобилот не е сопственост на лицето кое го управува.
  • Имајте при рака очила за сонце. Намалената видливост е еден од најголемите проблеми за секој возач.

Бидете трпеливи

Во летниот период трпеливоста е многу важен фактор за безбедноста на сообраќајот на патиштата, па едноставно ќе ви биде полесно доколку се помирите со фактот дека е гужва, редици од возила ќе има на наплатните рампи и на граничните премини. Внимавајте на престигнувањето и никако на практикувајте слалом возење!

Почитувајте ја сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци

Почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е основно правило за безбедно управување со возилото. Бидете внимателни, следете ја сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци, тие се поставени за вас да ве известат за безбедната брзина на движење на патот, за условите на патотот, за опасностите на патот, за одрони, за лизгав коловоз, итн. Сообраќајните знаци се азбуката на сообраќајот. Почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е гаранција за безбедно одвивање на сообраќајот. 

Не возете брзо и не возете под дејство на алкохол

Брзото возење и алкохолот се водечки причини за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа, прилагодете ја брзината на условите на патот, не престигнувајте на полна линија, или пак, кога немате прегледност на патот и секако, никогаш не управувајте моторно возило под дејсатво на алкохол.

Во секое патување најважно е да се стигне до саканата дестинација здрав и жив.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.