недела, 19 ноември 2017 Вести денес: 0

Да продолжи политиката на ниски и рамни даноци

Владата предводена од СДСМ да не ја напушти политиката на ниски и рамни даноци – апелира поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски. Според него, напуштањето на овој модел и воведувањето на прогресивен данок може да ги дестимулира фирмите и да ја поттикне даночната евазија.

„Воведувањето на прогресивен данок во многу земји покажало негативни резултати, бидејќи ја зголемувало даночната евазија. Влијаат негативно врз лицата со високи приходи и ја зголемуваат нивната мотивираност за селење на капиталот во други држави. Рамниот данок е позитивен, влијае позитивно врз претприемачите, на нивната мотивација за инвестиции во фирмите, да купуваат нова технологија, да го шират бизнисот и да вработуваат нови лица“ – вели Миноски.

Владата на СДСМ веќе најавува промени во даночната политика за, како што велат, да создадат поправедно општество.

„Промените во даночниот систем ќе бидат воведувани паралелно со обезбедувањето на транспарентност во трошењето на парите на граѓаните преку државниот буџет“ – стои во програмата на Владата.

Се најавува персонален данок на доход со две стапки, 10% и 18%, што значи дека побогатите ќе плаќаат по повисока стапка, предвидено е и враќање на платениот персонален данок на доход за граѓаните со многу ниски примања, укинување на максималната горна граница за плаќање на придонесите на плати, зголемување на акцизата за автомобили вредни над 40 илјади евра.

Како размислуваат бизнисмените и експертите?

Во изминатиов период можеа да се слушнат различни мислења за даночната политика. Главен приоритет за домашните компании е справување со сивата економија.

„Во фокусот на новата влада треба да бидат домашните компании, инвестирањето во нивниот развој како генератори на економскиот пораст на националната економија. Потребно е да се овозможи функционален систем за справување со сивата економија, од каде што нема придонес во буџетот преку плаќање даноци и придонеси“ – вели претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

Различни ставови имаат и даночните експерти. Од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ веќе излегоа со предупредување со властите.

„Реконципирањето на даночната политика не треба да биде нагло, туку да следи економска дебата и аналитички докази кои ќе овозможат оптимално поставување на параметрите на потенцијалните даночни реформи. Потенцијалната даночна прогресија да биде проследена со воспоставување Фонд за сиромашни и социјално загрозени, во кој ќе се слеваат средствата собрани од дополнително-наметнатиот данок“ – сметаат од Институтот.

Претходно слични ставови изнесуваа и други даночни аналитичари.

„Рамниот данок даде многу добри бенефити во нашата држава. Со реформата која се одвиваше во периодот 2007-2008 година се виде дека може да се намалуваат даночните стапки, а истовремено да се зголемуваат даночните приходи“ – изјави Борче Смилевски од Центарот за даночна политика.

Оние, пак, кои ја застапуваат спротивната теза велеа дека прогресивниот данок ќе ја намали нееднаквоста меѓу граѓаните.

„Во Република Македонија не постои можност за средната класа, не постои можност нешто да се промени кај сиромашните, така што потребата од повисоки даноци единствено можеме да ја задоволиме кај даночните обврзници со повисок доход“ – изјави даночниот експерт Славко Лазовски.

Ниските даноци – клуч за странските инвестиции

Ниските даноци и поволностите во слободните економски зони беа клучни за привлекувањето странски инвестиции, а ова резултираше со отворање нови работни места.

„ВМРО-ДПМНЕ изминатите години посветено работеше на економскиот раст и развитокот на македонската економија. Во време на светска економска криза која траеше неколку години, растот на македонската економија беше во континуитет во нагорна линија. Тука се поволните услови за инвестирање во Република Македонија, политиката за привлекување на странските инвестиции, воспоставување соработка помеѓу домашните и странските компании, и овозможување на домашните и странските фирми олеснувања за вработувањата и отворање на работни места “ – вели Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму поради атрактивниот даночен пакет, Македонија постојано е рангирана меѓу најдобрите инвестициски дестинации.

„Во однос на даночната реформа имате фантастичен систем што ги одржува даночните стапки релативно ниски. Тоа на индивидуите им овозможува контрола над нивните ресурси, да ги инвестираат и да ги трошат како што ќе изберат. Тоа е клучен аспект на економската слобода“ – изјави Тери Милер од фондацијата „Херитиџ“.

Значително се подобри бизнис – климата

Ниски даноци и намалени бирократски процедури, евтините кредити и пристап до капитал, олеснетите процедури за извозниците, активните мерки за поддршка на домашното стопанство. Во изминативе години, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се спроведоа низа мерки кои значително ја подобрија бизнис – климата, овозоможија повеќе пари да останат во компаниите, со што влегуваа во нови инвестиции и отвораа работни места.

Спроведените реформи ги регистрираше и Светска банка, па Македонија во извештајот „Дуинг бизнис“ бележеше континуиран напредок и се најде меѓу првите десет во светот и петта во Европа.

„Мислам дека Македонија постигна одлични резултати поради намалувањето на бирократските пречки при почнување со бизнис. Глобалниот рејтинг на Македонија е на 4. место од 190 држави во светот“ – објасни Валентина Салтане од Светската банка.

Македонија се наоѓа на 9 место во светот по индикаторот „плаќање даноци“, на 16 место кај индикаторот „пристап до кредити“, на 27 место кај индикаторот „услови за прекугранично тргување“ и на 32 место по „решавање на несолвентност“.

Фондацијата „Херитиџ“, пак, ја рангираше Македонија на 31-то место во светот во последниот извештај за економски слободи, со што за прв пат влеговме во категоријата на претежно слободни земји.

Ова се показатели кои не смеат да бидат загрозени.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.