сабота, 25 ноември 2017 Вести денес: 0

Обука на над 4.500 лица преку европскиот проект за поддршка за вработување

Над 4.500 невработени лица ги завршија обуките предвидени за помош на сите кои бараат работа преку ИПА проектот „Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени II”, а 680 од нив веќе најдоа и трајно вработување.

Ова го порача директорот на Агенцијата за вработување (АВРМ) Влатко Поповски на  завршната конференција на ИПА проектот вреден 2,045 милиони евра што денеска се одржа во Скопје, нагласувајќи дека со  97 проценти од предвидените средства успеале да ги исполнат целите што ги имале за вклучување на лицата кои имаат потреба од вработување.

– Примарен таргет на вториот грант од ЕУ беа младите луѓе. На 1.462 млади луѓе кои успешно ја завршија обуката им овозможивме преку практична работа да се вработат, изјави Попвски и додаде дека околу 680 од нив веќе се во работен однос, а се очекува во наредниве денови да се вработат и дополнителен број на лица на кои официјално им завршуваат договорите.

Покрај тоа, додаде, обучени се и млади лица за напредни ИТ вештини кои се барани на пазарот на трудот, а помогнато им е на многу лица кои имаа потреба од општо знаење за странски јазици или компјутери.

– Над 210 лица поминаа низ обуките за занаети. Во наредниот период очекуваме само зголемување на бројот на лица кои се вработиле, а не кои останале без работа, рече Поповски.

Ваквите проекти, додаде, покрај на невработените помагаат и на АВРМ за промена на начинот на работа, добивање на помош во технички средства и реновирање на објекти.

Никола Бертолини, раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Македонија, посочи дека е многу среќен што во овој проект има големо учество на жените и додаде дека забележале оти има многу мала застапеност на жените во Владата и Собранието и затоа, како што кажа, сакаат да придонесат да има нивно поголемо учество во економскиот живот.

– Пристапот во ЕУ не претставува само серија на реформи, туку значи и давање можност за економски развој на земјата. Вработувањето на младите луѓе, невработените и жените е најголемата можност што се дава во животот, бидејќи гордоста кај луѓето доаѓа како резултат на имањето стабилна работа, рече Бертолини.

Руди Делари, заменик раководителот на Секторот во Делегацијата на ЕУ за социјални политики нагласи дека инвестирањето во луѓето е многу важно за Европската унија, бидејќи претставува инвестирање во економскиот, но и во социјалниот развој.

– ЕУ има голема традиција во активната поддршка на невработените луѓе, а оваа поддршка се зголеми по економската криза. Активно ги поддржуваме младите луѓе по завршувањето на нивните студии и затоа е многу битно да дадеме поддршка на структурите за вработување за да им се овозможи на младите кои долгорочно не се вработени да најдат трајно вработување, рече Делари.

Токму затоа, како што посочи, Инструментот за претпристапна помош на земјите кандидатки за членство во ЕУ дава поддршка на проекти како овој.

– Проектот не само што им помага на поединците да се вработат, туку помага и во модернизирањето на Агенцијата за врботување и усовршување на нејзиниот персонал. Се надеваме дека позитивното влијание ќе биде долготрајно и ќе им помогне на младите луѓе кои се долгорочно невработени, потенцира Делари.

Раководителот на Сектор во Министерството за труд и социјална политика Марија Андоновска посочи дека од следната година Владата планира да ја зголеми поддршката за активни мерки за вработување во приватниот сектор на 22 милиони евра или за трипати повеќе од сегашната.

– Приоритетите на политиките на пазарот на трудот се обезбедување на пристојна работа за сите. Порастот на вработеноста и со тоа трајното и одржливо решавање на постојните социјални проблеми на граѓаните на Македонија се движно мото на нашите политики, рече Андоновска.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.