сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Владата се кити со успеси на ВМРО-ДПМНЕ

Се собираат плодовите од политиката за привлекување инвестиции на претходната Влада. Се операционализираат плановите на компаниите со кои беа потпишани договори во изминативе години, се градат нови фабрики, оние кои веќе функционираат го зголемуваат бројот на вработени.

„Донесовме над 100 компании кои веќе инвестираа низ Македонија, а СДСМ без срам сечат ленти на фабрики кои ние ги донесовме и во наше време сè се заврши“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Последна во низата беше инвестицијата на „Адиент“ во зоната во Струмица. Отворена е фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта. Вложувањето од 20 милиони долари ќе отвори повеќе од 1.300 работни места.

„Пред една година ја најавивме изградбата на нашата нова фабрика, денес гордо стоиме пред неа – една од најголемите и најмодерните фабрики за производство на автомобилски компоненти во регионот. Оваа инвестиција е јасен доказ за нашите намери да инвестираме во македонската економија“ – изјави потпретседателот за операции на „Адиент“, Владимир Теплик.

Заев ја пресече лентата, иако целата работа ја заврши економскиот тим на претходниот кабинет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Инвеститорот ќе остварува приход и профит. Граѓани на Македонија ќе бидат вработени, државата ќе наплаќа данок. Тоа е добро и корисно за сите, тука сум да испратам порака дека ние, како сериозна и одговорна Влада го поддржуваме овој значаен проект“ – изјави премиерот Заев.

Ваквите ставови на новата Влада не соодветствуваат со она што се говореше пред изборите, кога жестоко ги напаѓаа политиките за привлекување странски инвестиции, роуд – шоуата, висината на платите во зоните.

Се креираше имиџот на Македонија

Земјава долго и напорно работеше за да го креира сопствениот имиџ како атрактивна инвестициска дестинација, нешто што беше загрозено со политичката криза. Беше потребно време за да се исполнат зацртаните цели.

„Требаше да се работи на креирање бренд и имиџ на земјата и на меѓународно претставување на земјава како дестинација која е отворена за водење бизнис и за привлекување странски инвестиции. Реформите кои континуирано беа правени дадоа резултат, Македонија беше позитивно прифатена од глобални институции кои прават рангирање на земјите за водење бизнис. Тогаш бевме на 94 место на „Дуинг бизнис“, сега сме на 10 место“ – вели првиот човек на слободните зони, Виктор Мизо.

Македонија во извештајот „Дуинг бизнис“ бележеше континуиран напредок и се најде меѓу првите десет во светот и петта во Европа.

„Мислам дека Македонија постигна одлични резултати поради намалувањето на бирократските пречки при почнување со бизнис. Глобалниот рејтинг на Македонија е на 4. место од 190 држави во светот“ – објасни Валентина Салтане од Светската банка.

Сепак, СДСМ продолжи да критикува.

„Поради бизнис интересите на фамилијата и промашените економски политики на Никола Груевски, условите за водење бизнис во Македонија се Undoing business“ – стоеше во едно од партиските соопштенија.

Дополнително, обвинувањата беа во насока дека се трошат милиони евра за роуд – шоуа, за сега новата Влада да сече ленти на фабрики кои се резултат на истите роуд – шоуа и политики за привлекување странски инвестиции.

За ВМРО-ДПМНЕ нема дилема –  се исполнуваат ветувањата кои тие го дале пред граѓаните, како на пример фабриката на „Адиент“ во Струмица.

„Ова е конкретен придонес за развојот на економијата и за обезбедување напредок за граѓаните. Токму затоа еден од столбовите на ВМРО-ДПМНЕ беше поддршка на домашното стопанство и привлекување странски инвестиции за дополнително забрзување на општиот економски развој. Ова е реален проект кој постои, а не празни ветувања какви Струмичани можеа да се изнаслушаат од неодговорни политичари. Покажавме дека единствени си стоиме на зборот, единствени ветуваме реално, реализираме и полагаме отчет пред народот, реализираме инвестиции, отвораме фабрики и нови работни места“ – вели Груевски.

Вработувања во зоните и надвор од нив

Расте бројот на вработени во слободните економски зони, но и во компаниите кои функционираат надвор од нив. Само во ТИРЗ годинава треба да има 9 илјади вработени.

„Компаните кои функционираат во ТИРЗ-овите контиунирано бележат раст. Кон крајот на минатата година имаше 7.100 вработени, сега има 9.000, а очекуваме до крајот на годината над 10 илјади вработени во зоните. Во мај имавме рекорден извоз од 190 милиони евра. Доколку продолжи овој раст од 15% очекуваме до крајот на годината извозот од зоните да учествува со 2 милијарди евра во вкупниот извоз на Македонија“ – вели Мизо.

Во меѓувреме се проширува бизнисот и на странските инвеститори кои не се решија за слободните зони. Нови вработувања има во Илинден, Велес, Прилеп, Битола.

„Еден од најголемите проблеми во општината беше невработеноста. Во овој момент, „Кромберг и Шуберт“ има 4.016 вработени, а компанијата планира до крајот на годинава да вработи уште 2 илјади наши граѓани“ – вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

„Во овој момент во Велес се бара работник повеќе. За првпат после 26 години, во Велес има потреба од кадар за работење и во фабриките и во другите институции“ – вели градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

„Во општина Илинден досега има реализирано 180 инвестиции. Во 2008 година во општина Илинден имало 38% на невработени лица, а сега се сведени на 6%“ – вели првиот човек на оваа општина, Жика Стојановски.

Политиките за привлекување странски инвестиции дадоа резултат, но сега е на ред нов тим, со Аднан Ќахил, Рамиз Мерко и Зорица Апостолоска.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.