вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Политичката криза – закана за градежништвото

Политичката криза се заканува да го клекне на колена градежништвото. По подолг период високи стапки на раст, во првиот квартал овој сектор забележа остар пад од 6,3%.

Во услови кога Министерството за финансии го подготвува ребалансот на Буџетот, уште отсега може да се изведе заклучок дека ќе биде тешко да се исполни зацртаната проекција за овој сектор.

„Во 2017 година градежната дејност се очекува да оствари стапка на раст од 5,2% на реална основа, главно како резултат на реализацијата на планираните јавно-финансирани инфраструктурни проекти и предвидените инвестиции во слободните економски зони“ – се вели во актуелниот Буџет за 2017 година.

Застојот на автопатите ќе ја влоши ситуацијата

Забавените или стопирани работи на новите автопатски делници (Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид) ќе придонесат за продлабочување на состојбите во нискоградбата. Работниците кои беа ангажирани за изградба на автопатот Кичево – Охрид излегоа на протест.

„Веќе доцни исплатата на платите за речиси два месеца. Честопати работодавецот ни крати по педесет или сто евра од договорените плати, без какво било образложение и без да ги знаеме причините за тоа“ – вели работникот Адем Мисоски од Струга.

Ресорниот министер останува на ставот дека се детектирани низа проблеми на оваа делница, бидејќи проектната документација не соодветствувала на реалноста. За Миладиновци – Штип, пак, ќе треба да се направи анекс на договорот. Рокот за финиширање на проектот е веќе изминат.

„Ќе направиме сè што е во наша моќ да се отстранат тие проблеми. Ние презедовме обврска дека автопатиштата ќе бидат изградени“ – вели министерот Горан Сугарески.

Автопатот кон Охрид е во должина од 57 километри. Првичната инвестиција се проценуваше на 374 милиони евра. Трасата Миладиновци – Штип е во должина од 47 километри, а вредноста и се проценуваше на 206 милиони евра.

Извесно е дека годинава ќе заврши изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, клучен за комплетирање на Коридорот 10. Делницата е во должина од 28,2 километра.

„Цената од 6,5 милиони евра за километар автопат е навистина цена којашто соодветствува за ваков тип на изградба“ – изјави директорот на проектот за автопатот, Давид Бушел.

Градежниците бараат работа!

Градежниците бараат да се најде брзо решение за автопатите кои се градат со кинески пари, бидејќи се работи за големи капитални инфраструктурни проекти кои значат живот за илјадници семејства.

„Некој да мисли и на оние фирми кои работат и егзистираат и луѓето кои земаат плата од тоа. На патот Кичево – Охрид работат три домашни фирми и над 1.000 вработени, а две на патот Штип – Миладиновци и 500 до 600 вработени“ – вели првиот човек на Здружението на градежништво при Стопанската комора на Македонија, Андреа Серафимовски.

Здружението побара да се продолжи со изградба на двете делници, исклучително важни за македонската економија и за домашниот туризам.

Се бара работа во странство

Македонските градежници се позиционираат на странските пазари, но и таму работите не одат мазно. Во првиот квартал, вкупната вредност на договорените градежни работи надвор од земјава е за 14,1% намалена во однос на истиот период лани.

Сепак, градежната оператива во овој период во странство извршила за 139,1% повеќе градежни работи, пред сè како резултат на активностите во Холандија, Германија и во Босна и Херцеговина.

Спас во високоградбата

Македонските градежници бараат спас во високоградбата – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во април се издадени вкупно 259 одобренија за градба, односно за 13,6% повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидена е изградба на вкупно 919 станови, а ако се додадат и податоците од првиот квартал, од почетокот на годинава е дадено зелено светло за вкупно 3.056 станови.

Само во април, 61,4% од издадените одобренија се за високоградба, што значи дека овој сегмент од градежништвото сè уште не е погоден од кризата, иако се стравуваше дека довербата може да биде загрозена.

„Зголемениот број на одобренија за градба, стабилниот пазар на недвижности и немање осцилација во цената, тоа се добри показатели“ – вели претседателот на Градежната комора при ССК, Роберт Хот.

„Во високоградбата, која 99 до 100% е приватна инвестиција, исклучиво пазарот ги диктира условите“ – вели бизнисменот Зоран Азманов.

Се трошат градежни материјали

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека деловните субјекти лани потрошиле градежни материјали и енергија за 11,1% повеќе во однос на претходната година. Најголемо учество имаат материјалите за врзување, горивото, изолациските материјали и премази, елементи за тавани и сводови, конструкции, материјали за армирање и за прицврстување.

Но, растат и трошоците за изградба на нови станови, како резултат на повисоките цени на градежните материјали. Ова, пак, може да ја поскапи цената на квадратот, особено за оние станови кои се прават со квалитетни материјали.

„Погрешна е логиката дека цените на становите треба да паѓаат зашто секое поевтинување значи послаб квалитет. Тенденција е цената да расте зашто се вградуваат сè поквалитетни материјали“ – изјави бизнисменот Ивица Јакимовски.

 

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.