петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 0

КК Соколи лути на АБА лигата

Во канцеларијата на Карпош Соколи стигна официјална понуда за настап во Втората лига на АБА, потег што предизвика револт кај луѓето кои го предводат клубот.

– Измамени сме од АБА, тоа е вистината. Криминалците што ја водат лигата мислеа дека нашле „овца за шишање“ на која ќе ѝ земат 150.000 евра колку што плативме за вајлд-картата и одма ќе ја испаднат. Ама ги изненадивме со добрите партии и победи и мораа да почнат со валканите игри и со опструкции со судиите. Парите редовно ги плаќавме на рати и дека не ги исплативме целосно константно не лажеа, ни велеа дека ако бидеме шампиони сигурно ќе играме, па само да не испаднеме инаку сме сигурни и за следната сезона. Сега гледам дека тоа биле лаги на измамници и криминалци чија главна цел била само да ни ги земат парите и да не шутнат. На крајот дури се дрзнаа пред самата „мајсторка“ за титула со МЗТ Скопје официјално да објават дека и да станеме прваци нема да играме во АБА-лигата, што ни покажува дека сме биле жртви на мајстори за лажење, кои имаат ѓон наместо образ и кои немаат никаква чест и кредибилитет, вели во дел од интервјуто за клупскиот сајт, претседателот на клубот, Огнен Дедиќ.

Карпошовци беа најпријатното изненадување во АБА-лигата минатата сезона со десет победи и обезбеден опстанок теренот, но се покажа дека и тоа не е доволно за следната сезона да играат во регионалната лига.

Судењето и сомнителните резултати кои многумина однапред ги знаеја се следни на листата на првиот човек на Карпош Соколи.

– Ние на секој натпревар во АБА-лигата имавме пристрасно судење во наша штета и тоа во однос 80-20 за противникот. Сигурно пет натпревари буквално ни беа украдени од судиите, кои добиваа директиви од безрбетниците (н.з. раководството на лигата). Со нив сигурно ќе игравме во плејофот, што дефинитивно ќе беше шлаканица за двоецот полтрони, кој тоа не смееше да го дозволи. Во финишот дури почнавме однапред да ги погодуваме резултатите на одредени средби пред тие воопшто да почнат, што доволно говори за чесноста на ова натпреварување.

На крајот, претседателот на „соколите“ е изненаден од храброста која ја покажуваат послушниците Новосел и Чабаркапа за испраќање покана за настап во второлигашко друштво на екипа која со својот квалитет покажа дека е подобра од половина екипи од лигата.

– Ние не сме селски тим што игра во било која Втора лига. Не ми е јасно како не им е срам на безрбетниците и на полтроните што имаат ѓон наместо образ да не канат да играме во ова нивно третокласно натпреварување кое сум убеден нема никаква иднина. Од каде им е доблест воопшто да ни се обратат да играме во некоја друга лига освен во таа каде што резултатот обезбедивме место. Нашиот квалитет, како играчки така и организациски не е спорен и тој се докажа и со поканата да играме во Лигата на шампионите на ФИБА. Тоа е натпреварување кое држи до стандарди и во кое нема локални шерифи на шлајм, какви што има во АБА-лигата. Загубата е нивна, завршува Огнен Дедиќ.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.