сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

НАТО: Решавање на спорот за членство во Алијансата

Помошник – генералениот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Илдем Тачан, кој престојува во посета на Македонија, гледа одлучност кај Владата за спроведување голем број реформи и порачува дека интензивното темпо на политичкиот процес ќе обезбеди високи стандарди кои ќе ја доведат државата поблиску до членството во НАТО. За поканата за членство, истакнува, се важни и заемно прифатливо решение за името и реформите.

„Продолжуваме да ја поддржуваме вашата држава на патот за зачленување во Алијасната. Како и за сите земји аспиранти важно е да се остане фокусиран на реформската агенда и да се обезбеди политичка стабилност. Сите мои средби се потврда на фактот дека има политичка волја и мило ми е што го знам тоа“ – изјави Тачан по средбите со македонските политичари.

Тој за пречките за членството на Македонија во НАТО истакна дека е важно наоѓање заемно прифатливо решение за името, но и дека во декларацијата од Варшавскиот самит зборува за важноста на реформите.

„Имаме стандардни постапки за комплетирањето на пристапувањето кон НАТО. Поканата за членство на земја кандидат се суди според сите критериуми што се вметнати во таа декларација. Она што треба да го видиме е постигнување заемно прифатливо решение меѓу вклучените страни. Она што можеме да го видиме е одлучност да се зафатите со овие тешки прашања. Можеме да видиме политичка волја за тоа и вистински интерес од страна на вашата Влада да се зафати со прашања коишто не се релевантни само во врска со вашите односи со Грција, туку и со останатите соседни држави. Тоа, исто така, ќе донесе позитивни резултати во регионален контекст. Затоа се осврнав на важноста не само на тоа да се разрешат овие билатерални прашања, туку и на сите добри иницијативи да се придонесе кон регионалната соработка“ -изјави Тачан.

Министерот Димитров, пак, вели дека со претставникот на НАТО имале конструктивни разговори. Се договориле да работат заедно на зголемување на видливоста на Македонија во НАТО и на НАТО во Македонија, за зголемување на проектите за соработка во различни области.

„Јасно е дека не чека многу работа и дома, но и заедно со НАТО за да го надоместиме изгубеното време и да ја вратиме Македонија на патот на сигурно интегрирање во Алијансата“ – рече Димитров.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.