петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 0

ДИК се подготвува за локалните избори во октомври

Државната изборна комисија одржа седница во функција на подготовка на локалните избори што, како што е најавено, ќе бидат распишани најверојатно на 6 август, а треба да се одржат на 15 октомври.

На седницата беа усвоени упатствата за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори, за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот.

Во упатството за поднесување на кандидатските листи оваа година има дополнително објаснување за родовата застапеност.

Како што беше посочено за важечко гласачко ливче ќе се смета ако е заокружен редниот број пред подносителот на листата односно редниот број пред кандидатот за којшто се определил да гласа. За важечко ќе се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати гласа.

Во однос на неважечките ливчиња, претседателот на ДИК Александар Чичаковски истакна дека е консултирана меѓународна анализа која покажува дека бројот на неважечки гласачки ливчиња во земјите од Централна и Источна Европа се движи меѓу пет и седум отсто од искористените гласачки ливчиња на националните избори.

– И нашиот број на неважечки гласачки ливчиња е во тој просек. Додека за локалните избори, кои се малку покомплексни зависно од системот на гласање се движи дури до 9 отсто. Ние со ова упатство го надоградуваме претходното упатство и тоа само делот на јасен и недвосмислен начин, рече Чичаковски.

Членот на ДИК Субхи Јакупи во дискусијата посочи дека разликата на бројот на неважечки ливчиња на последните два циклуса избори била мала. На изборите во 2016 година имало 37.870 неважечки ливчиња, додека во 2014 година 37.654. На локалните избори во 2013, пак, како што беше посочено, неважечки биле дури 49.954 ливчиња.

Генералниот секретар на ДИК Добре Јанковски информираше дека не може да и бидат исплатени средствата за надоместок на трошоците за последните избори на Движењето Беса поради тоа што жиро сметката не им била активна. Оваа информација ДИК ја добило од финансии. Комисијата донесе заклучок да достави информација во врска со овој случај до Собранието, до Државниот завод за ревизија и до Беса. Чичаковски исто така посочи дека останатите партии кои, според законот, ги добиле средствата на своите сметки треба до нив и до ревизија да ги достават завршните финансиски извештаи за изборите во декември.

Атанас Урумов, член на ДИК, информираше дека се направени сите подготовки за рефендумот за Казандол во Дојран во недела. Испечатени се осум изводи од Избирачкиот список, а право на изјаснување имаат 2.747 лица.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.