сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Писмо на 32 конгресмени до Тилерсон да ја посети Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) соопшти дека Конгресната група на пријатели на Македонија и на македонската дијаспора во САД, меѓу кои и конгресмените Дејвид Трот, Брендан Бојл, Стив Стиверс и Деби Дингел, испратила писмо до државниот секретар на САД Рекс Тилерсон да ја посети Македонија. ОМД искажува задоволство поради тоа и смета дека тоа би го зајакнало стратешкото партнерство помеѓу САД и Македонија.

ОМД наведува дека посетата на државниот секретар Тилерсон би била прва на Македонија од страна на државен секретар на САД по последната посета на државниот секретарот Колин Паул во 2003 година.

– Важноста на ваквата посета беше истакната од страна на конгресменот Трот во изјава дадена на 20 јули 2017: „Македонија со години е исклучително важен партнер во унапредувањето на операциите од доменот на националната безбедност на САД низ светот. Во време во кое Русија продолжува да демне над младите демократии, ние мораме да го осигураме суверенитетот на нашиот балкански сојузник“, наведува ОМД.

Писмото до државниот секретар Тилерсон собрало 32 потписи од членови на Конгресот од 16 различни сојузни држави во САД, односно од четири члена на Комисијата за воени услуги и од девет члена на Комисијата за надворешни работи при Претставничкиот дом. Потписници се и претседавачот и членови на поткомисијата за Европа, односно вкупно 14 републиканци и 18 демократи.

– Ваквиот двопартиски карактер на писмото ја потврди униформната важност да се одржи врската помеѓу САД и Македонија. Ова писмо претставува кулминација на речиси двомесечната кампања која започна за време на 4-тата македонско-американска конференција за лидерство организирана од ОМД, кога учесниците на конференцијата ја истакнаа важноста од евентуална посета на Тилерсон пред некои од горенаведените конгресмени. Заедно со претставници на подмладокот на ОМД беа одржани повеќе од 250 едукативни средби во американскиот Конгрес, соопшти ОМД.

ОМД посочува дека е неизмерно благодарна за поддршката од страна на Конгресната група на пријатели на Македонија.

– Македонија е важен сојузник за САД и исклучително сме задоволни што гледаме двопартиска поддршка. Нашата заедница продолжува да се надева дека државниот секретар Тилерсон сериозно ќе го разгледа барањето на горенаведените членови на Конгресот и ќе ја посети Македонија во блиска иднина. Ваквиот чин е од големо значање за македонскиот народ. Оваа посета би овозможила подобрување на сликата на САД во Македонија, но и би додал дополнителен мотив за понатамошната интеграција на Македонија во НАТО алијансата, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.