недела, 17 декември 2017 Вести денес: 0

Нови модерни системи за санитарна топла вода и подно греење за поголемо искористување и заштеда на енергија

Пилот проекти на БЕГ во соработка со Голден арт

„Дистрибуција на топлина Балкан енерџи“ и „Голден Арт “ се во реализација на пилот проект за вградување на комбиниран систем за обезбедување санитарна топла вода во колективни станбени згради во Скопје. Првиот ваков систем ќе биде имплементиран во новата станбено-деловна зграда што ја гради компанијата „Голден Арт“ во населбата Кисела Вода.
Се работи за современо технолошко решение кое ќе овозможи целосно задоволување на потребите од санитарна топла вода за станарите во зградата, во текот на целата година, преку комбинација и искористување на енергијата од три различни извори и тоа: од централното градско греење, од сончеви колектори и од електрична мрежа. Системот е проектиран така што како основен извор на енергија ја користи сончевата енергија, додека пак за дополнување во зимскиот период , односно во текот на грејната сезона – од 15-ти октомври до 15-ти април – ќе ја користи топлинската енергија од централното градско греење. Во летниот период, како и надвор од грејната сезона или во период кога енергијата од централното градско греење нема да биде доволна, комбинираниот систем ќе ја користи електричната енергија.
„Овој комбиниран систем претставува револуционерно енергетско и еколошко решение за снабдување со санитарна топла вода во градот Скопје, кое овозможува максимална заштеда на електрична енергија, при што инвестицијата за неговата имплементација е исклучително исплатлива“, објаснуваат од „Дистрибуција на топлина Балкан енерџи“. Пресметките покажуват дека воведувањето на ваквиот комбиниран систем во зграда со 74 станови на станарите ќе им донесе годишна заштеда и до 120 евра во денарска противредност по стан, што доведува до значително намалување на месечните режиски трошоци.
Покрај овој проект,„Дистибуција на топлина Балкан енерџи“паралелно работи и на втор пилот проект за воведување на нискотемпературно подно греење со кое се овозможува зголемување на ефикасноста на снабдувањето со топлинска енергија, зголемување на комфорот поради рамномерна распределба на топлината во целиот стан и намалување на потрошувачката и до 15% во однос на објектите кои се загреваат само со радијатори. И овој пилот проект се реализира во соработка со „Голден арт“.
„Ваквите проекти што ги реализираме во соработка со „Дистибуција на топлина Балкан енерџи“ имаат навистина голем потенцијал да внесат позитивна промена во енергетската слика и екологијата на главниот град и на целата земја, и даваат нов стандард на урбано живеење и комоција“, изјавуваат од компанијата „Голден арт“ и додаваат дека предностите кои за потрошувачите ги нудат овие проекти ќе побудат интерес и кај другите инвеститори и многу брзо ќе станат стандард во современото домување.
Инаку, ваквиот вид енергетско ефикасни проекти преку кои се искористува енергија од централното градско греење за задоволување на потребите на потрошувачите од санитарна топла вода и подното греење, се широко применета практика во многу европски земји, а од сега ќе станат реалност и во нашата земја. Реализацијата на двата пилот проекти е поддржана од Регулаторната комисија за енергетика на Репубалика Македонија.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.