недела, 17 декември 2017 Вести денес: 0

50. Научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“ од 1. до 10 август

Со свечена поворка пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево и со полагање свежо цвеќе пред спомениците на великаните на Крушевската Република, на 1 август од 18 часот по 50-ти јубилеен пат во Крушево ќе почнат научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“.

Претседателот на манифестацијата и градоначалник на Крушево Ѓорѓи Дамчески на прес-конференција денеска рече дека научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ пет децении ја исполнуваат целта за достојно одбележување на Илинденското востание и Крушевската Република.

– Отворањето на самата манифестација ќе биде на платото на Гумење во 20.30 часот, традиционално на први август, со свечено подигање на бајракот на Крушевската Република и богата културно-уметничка програма. Манифестацијата ќе трае десет дена, до 10 август, и опфаќа околу 20 културни настани. Аманетот на Илинденците и жртвите дадени за самостојна и независна Република Македонија нас и следните генерации не обврзуваат да ја чуваме идејата за сопствена самобитност и суштествување. Низ сите овие 50 години постоење, манифестацијата организирала повеќе од 1000 културни настани, десетина научно-историски трибини што се објавени во 11 тома „Прилози за Илинден“, рече Дамчески.

Марија Апостолоска, портпарол на манифестацијата нагласи дека и годинава ќе има богата програма во сите 10 дена. Рече дека на отворањето на научно-културните средби на 1 август на свеченоста на Гумење ќе се обратат претстедателот на Советот на манифестацијата и градоначалник на Крушево Ѓорѓи Дамчески и потпретседателот на Советот Мане Јаковлевски. Покровител на манифестацијата годинава е претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

– Централната манифестација по повод Илинден и 114-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република е на 2 август на Мечкин камен во 12 часот кога ќе се обрати претседателот на собранието Талат Џафери. Во другите денови до 10 август манифестацијата ќе понуди научни трибини, театарски претстави, настап на културно-уметнички друштва. Затворањето на научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ ќе биде со концерт на Воениот оркестар и со церемонија на спуштање на бајракот на Крушевската Република и почесна стрелба за хероите од Илинден 1903, рече Апостолоска.

Членот на Советот на манифестацијата Никола Јованоски нагласи дека годинава трет пат ќе се одржи и научна трибина.

– На 3 август ќе се одржи научната трибина на тема „Илинден, слобода, државност и независност“. Со свои научни прилози ќе учествуваат 10-ина еминентни историчари. На симпозиумот ќе биде промовирана книгата „Последниот илинденец“ од Иван Глигоровски. Во подготовка е и монографија за манифестацијата која ќе ги опфати сите збиднувања во 50-те години одржување на научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“, рече Јованоски.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.