понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

МЗШВ ќе достави нота за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до хрватското Министерство за земјоделство за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук донесен на 15 јули годинава. Како што соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски, ваква нота ќе биде доставена и до надлежните институции на Европската комисија во Брисел.

Правилникот ќе биде разгледан и вечерва на владина седница, а во понеделник се очекува заеднички став да донесат и земјите од регионот.

– Со новиот Правилник што го донесе Хрватска значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на чинење на производот. Со такви зголемени цени, македонското овошје и зеленчук ќе бидат неконкурентни на пазарот, нагласи Николовски.

Според него, со носењето на Правилникот се врши и дискриминација кон земјите членки на ЕУ за кои трошоците за инспекциски надзор остануваат 90 куни, додека за трети земји, кои не се членки на Унијата трошоците ќе изнесуваат 2.000 куни.

– Висината на овие трошоци е нереална, имајќи предвид дека контролите се однесуваат на физичка проверка на производите, подвлече министерот.

Николовски додаде дека Хрватска како земја членка на ЕУ треба да ја почитува Спогодбата за стабилизација и асоцијација што Македонија ја има склучено со ЕУ и согласно која ЕУ ќе ги укине царинските и другите давачки кои имаат ист ефект за увозот на земјоделските производи со потекло од Република Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Николовски напомена дека засега нема информации за какви било штети, но мора да се штити домашното производство и да се дејствува принципиелно, согласно меѓународните договори.

Николовски информира дека во насока на решавање на овој проблем надлежните министри на Македонија, Србија и БиХ во понеделник во Сараево ќе се сретнат за да го дефинираат заедничкиот став и заеднички да реагираат.

Хрватска е значаен партнер на Македонија во трговијата со земјоделско прехранбените производи, втора од земјите членки на ЕУ со реализиран извоз од околу 36 милиони евра годишно, и трета од земјите членки на ЕУ со увоз од околу 37 милиони евра. Вредноста на извозот на овошје и зеленчук од Македонија во Хрватска е околу 5 милиони евра годишно. Најмногу се извезуваат свежи пиперки, зелка, домати, краставици, трпезно грозје и лубеници. Од Хрватска најмногу се увезуваат месо од живина, шеќер, чоколади, цигари, сирење, конзервирана риба.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.