недела, 17 декември 2017 Вести денес: 0

Министрите за земјоделство од регионот бараат Хрватска да ги укине одредбите од Правилникот за увоз на зеленчук и овошје

Хрватска итно да ги укине одредбите од Правилникот за увоз на свежо овошје и зеленчук, побараа денеска од Сараево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и надлежните министри од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Мирко Шаровиќ, Расим Љајиќ и Драгица Секулиќ, пришто потпишаа и заклучоци кои ќе бидат испратени во Брисел.

Како што соопштија од МЗШВ, министрите ја повикуваат Хрватска да ги укине одредбите од Правилникот, а трошоците за инспекцискиот надзор да се сведат на нивната реална висина. Воедно министрите потписници бараат оваа недела да се одржи итен состанок со надлежните министри од Хрватска, а притоа да се има предвид дека секое одложување за изнаоѓање решение ќе предизвика значителни последици врз производителите од земјите од регионот, со оглед на тоа дека сето ова се случува во период кога има зголемен извоз на сезонско овошје и зеленчук.

Министрите од регионот во решавање на проблемот со Хрватска ја повикаа да се вклучи и ЕУ, а во заклучоците наведуваат дека секоја земја се до решавање на проблемот, за да ги заштити сопствените економски интереси, ќе преземе конкретни мерки и механизми кои смета дека се адекватни.

– Покрај заедничките ставови за развој на слободна трговија и посветеноста на земјите во регионот за проток на добра без бариери денеска бевме единствени во носење на заклучоците. Сепак, секоја од земјите има право соодветно да преземе дополнителни мерки или контра мерки за во вид и форма за која мисли дека е соодветна, а се со цел да ги заштити сопствените интереси. Како регион остануваме посветени на Берлинскиот процес и градење заедничка економска област, изјави министерот Николовски.

Според Правилникот на Хрватска за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот за трети земји се зголемуваат од досегашните 90 куни (12 евра) по производ, на 2.000 куни (274 евра) по производ.

Од МЗШВ информираат дека веќе доставиле нота до хрватското Министерство за земјоделство за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук.

– Со новиот Правилник што го донесе Хрватска за увоз на овошје и зеленчук значајно се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на чинење на производот. Со такви зголемени цени, македонското овошје и зеленчук ќе бидат неконкурентни на хрватскиот пазар, соопштија од МЗШВ.

Министрите од регионот на денешниот состанок се договориле дека состаноци од ваков тип треба да се одржуваат почесто, со цел да се отстранат бариерите кои ја загрозуваат слободната трговија на добра. Следниот состанок е договорено да биде во Скопје во септември оваа година.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.