сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Jавна расправа за нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска одржа второ продолжение на јавната расправа за предлог нацртите на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци и на Националниот акциски план за интеграција на бегалци за периодот 2017/2027 година.

Директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов истакна дека досега Македонија успешно се справуваше со мигрантската криза, поради принципот прифаќање на мигрантите, транзит и нивен излез. Пренесувајќи искуства на партнерските служби на Агенцијата за разузнавање во останатите држави посочи дека интеграцијата на мигрантите не поминува без сериозни безбедносни закани и ризици. Како предизвик ги потенцираше културолошките разлики, можностите за создавање услови зе гетоизација, ризиците од тероризам… Дел од мигрантите кои доаѓаат, посочи, за жал, веќе се радикализирани и ја користат оваа ситуација за поврзување со нивните сонародници и истомисленици.

– Безбедносниот систем на Македонија е во фаза на носење стратегија за превенција и борба против радикализација и насилен екстремизам и прифатот на мигрантите би претставувало слаба точка и можност за зголемени ризици од разни религиски и екстремни идеологии. Потребното идно подобрување на соработката со службите од регионот ќе помогне да се обезбедат повеќе релевантни информации и носителите на одлуки соодветно да го креираат системот на работа, смета Иванов. Како што рече, 8.000 од лицата што транзитирале низ Македонија во изминатите две години биле со фалсификувани документи.

– Имаме сериозен предизвик и од внесување нетипични болести и вируси што овие луѓе ги носат со себе од регионите од каде доаѓаат. Колку и да сакаме да бидеме коректни мора да признаеме дека ваквиот ефект да речеме на демографската промена и на сите безбедносни ризици што ни доаѓаат од илегалната миграција претставува дополнителен негативен предизвик за државните интереси, рече Иванов.

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата изрази жалење за неприсуството на расправата на премиерот Зоран Заев и ресорната министерка Мила Царовска затоа што и натаму, како што рече, јавноста ќе останела без одговор на прашањата за трошоците од примената на стратегијата, последиците за државата, сместувачките капацитети…

Според Ѓорчев, спорно е тоа што во Стратегијата било наведено оти со одлука на Владата од годинава треба да бидат обезбедени 100 локации за згради. Упати критики и за деловите што се однесуваат на стекнувањето државјанство.

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов рече дека изразува загриженост во свое и во име на жителите на оваа општина од предвиденото со Стратегијата и со акцискиот план.

Според Стамов, Дојран, но и целата држава, немаат капацитети за сместување и интегрирање на голем број мигранти. Државата, како што рече, треба да остане транзитна зона. На бегалците треба да им се даде хуман третман, но истовремено да се организира нивно прифаќање и брзо транзитирање низ државата.

Оценка дека Македонија нема капацитет да спроведе ваква стратегија и да интегрира голем број бегалци изнесе и градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.

– Бранот бегалци од само 500 до илјада бегалци ќе чини многу затоа што Неготино сеуште има проблеми со невработеноста и со решавање на станбеното прашање, наведе Апостолов, потенцирајќи дека како општина стојат на располагање за помош на институциите за организирање транзит за бегалците, рече Апостолов.

Целни групи на Стратегијата, според предложената Нацрт верзија се лица со признаен статус на бегалец, лица под супсидијарна заштита, баратели на азил, како корисници на мерки за рана интеграција, и странци со регулиран престој во Македонија со претходно одобрение од стрна на надлежни органи.

Новата десетгодишна стратегија, стои во тексот, се насочува кон целите, јакнење на системот на интеграција преку мерки за градење капацитети и партнерства што поттикнуваат локално учество, интерактивна комуникација, развој на одржливи мерки за рана интеграција, остварување одржливи и долгорочни станбени решенија што промовираат интеграција во општеството и со коишто се избегнува гетонизација. Предвидено е и постигнување образовни цели за јакнење на интеграцијата во општеството и промовирање одржливо вработување, како и обезбедување можности за вработување заради јакнење на самостојноста на целната група и избегнување на нејзината зависност од социјална заштита.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.