петок, 18 август 2017 Вести денес: 0

Состојбата во економијата се подобрува, оцени Народна банка

На 8 август 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот, постојната монетарна поставеност беше оценета како соодветна на тековните услови во економијата. Комитетот оцени дека најголем дел од показателите битни за монетарната политика не отстапуваат значајно од очекувањата, но сепак постојат пунктови каде е потребна одредена внимателност.
Имајќи ги предвид промените кај ликвидносниот потенцијал на банките во јулскиот период на задолжителна резерва, на седницата беше одлучено да се изврши приспособување на износот на благајнички записи. Во таа смисла, на аукцијата на благајнички записи којашто ќе се одржи на 9 август, понудата на благајнички записи ќе изнесува 25.000 милиони денари, односно е пониска за 2.361 милион денари во однос на достасаниот износ.

Во вакви услови, а при присуство на одредена неизвесност и ризици, каматната стапка на благајничките записи беше остана непроменета на нивото од 3,25%.

На тој начин се создаваат услови за надоместување на промените кај ликвидносниот потенцијал на банките, како и одржување ликвидни средства во расположливите депозити кај Народната банка, коишто може да се мобилизираат ефикасно за натамошна кредитна поддршка на приватниот сектор.

Во однос на конкретните економски показатели, по стагнацијата на економската активност во првото тримесечје, високофреквентните показатели за вториот квартал упатуваат на подобрување на состојбата на економијата. Оваа констатација е поддржана од растот на индустриското приоизводство, по неговото намалување во првото тримесечје, забавувањето на падот на градежната активност, како и забрзувањето на растот во трговијата. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за второто тримесечје се ограничени, што ја отежнува можноста да се формира прецизна оцена во поглед на динамиката на активноста во овој квартал. Во однос на проектираната патека до крајот на годината, пониските остварувања во првото тримесечје создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за цела 2017 година.
Јулските податоци за инфлацијата укажуваат на умерено забавување на годишната стапка на инфлација на 1,2%, при што просечниот годишен раст на цените во првите седум месеци изнесува 0,9%. Овие остварувања се резултат првенствено на базичната инфлација, и во помал дел, на цените на енергијата. Цените на храната и понатаму имаат негативен придонес кон просечната промена на цените, којшто сепак постепено се намалува. Остварувањата кај инфлацијата, главно се во склад со проекцијата, а очекувањата за влезните претпоставки за увозните цени на примарните производи главно се надолни, но сепак, исклучително променливи. Во вакви околности, ризиците околу проекцијата на просечната инфлација за 2017 (1,3%) се оценуваат како урамнотежени.
Во текот на јули, ликвидносниот потенцијал на банките на домашните пазари продолжи да се намалува, главно под влијание на сезонски фактори поврзани со зголемената побарувачка на денарска готовина во период на годишните одмори. Банките ги надоместија потребните ликвидни средства преку намалување на пласманите во краткорочните монетарни инструменти кај Народната банка, а значаен дел беше неутрализиран и со тргувања на пазарот на пари. Притоа, во јули банките имаа релативно висока трговска активност на пазарот со меѓубанкарски депозити со рочност до една недела, а дополнително, дел од потребната ликвидност банките ја обезбедија и преку тргување со хартии од вредност на секундарниот пазар.

Финалните монетарни податоци со јуни 2017 година покажуваат зголемување на вкупните депозити на месечна основа (за 0,8%), наспроти нивното намалување во текот на претходните пет месеци. Месечниот раст, речиси, во целост се должи на зголемувањето на депозитите на домаќинствата, а умерен придонес кон месечниот раст имаа и корпоративните депозити. Вкупните депозити остварија раст од 7,6% на годишна основа, што сѐ уште е под проекциите за второто тримесечје, но овој јаз постепено се стеснуваше во текот на кварталот. Кредитната активност и во јуни продолжи да расте со солидно темпо, при раст на кредитната поддршка и на корпоративниот сектор и на населението. Годишниот раст на кредитите на крајот на јуни изнесува 5,8% (со изолиран ефект од регулаторни промени) и е над очекуваниот за второто тримесечје на 2017 година.

Движењата на девизниот пазар во јули, исто така, имаа вообичаена сезонска динамика, и се карактеризираа со зголемена понуда на девизи од менувачи, што овозможи задоволување на побарувачката за девизи од останатите клиенти. Зголемената понуда на девизи од менувачкиот пазар продолжи и во почетокот на август, овозможувајќи раст на девизните средства на банките и повисока понуда на меѓубанкарскиот пазар. Во такви околности, Народната банка интервенира со откуп на вишокот на девизи од банките поддржувачи.

Девизните резерви, генерално, се движат по очекуваната патека, при што нивното намалување во јули е поврзано со редовното намирување на долгот на државата. Притоа, особено битни се движењата на девизниот пазар коишто се стабилни, со вообичаени сезонски движења и без присутни притисоци. Воедно, и натаму показателите за девизните резерви остануваат на адекватно ниво.
Во однос на остварувањата во билансот на плаќања, податоците за април и мај навестуваат подобри остварувања и кај тековните и кај финансиските трансакции во однос на априлската проекција. На ваков заклучок упатуваат и податоците од надворешнотрговската статистика, коишто покажуваат нешто понизок остварен трговски дефицит во однос на очекуваниот во вториот квартал на 2017 година.
На меѓународните пазари во јули, политичките неизвесности во САД поврзани со спроведувањето на планираните реформи на администрацијата на претседателот Трамп, а покрај тоа и со надворешнополитичките односи со други земји, беа значаен двигател на намалувањето на вредноста на САД-доларот во однос на еврото. Од друга страна, во таа насока делуваа и нагласените реакции на пазарите на ставовите на ЕЦБ поврзани со поставеноста на монетарната политика, во согласност со позитивните согледувања за економијата на еврозоната.

Сумирано, на седницата беше заклучено дека постојните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици укажуваат на тоа дека засега постојната монетарна поставеност е соодветна. Екстерната позиција гледана преку остварувањата кај девизните резерви генерално е во рамки на очекувањата и покажува задржување на здрави економски фундаменти. На ваква констатација упатуваат и податоците за кредитните текови, а воедно и остварувањата кај штедењето во јуни даваат поволни сигнали и постепено приближување кон проекциите.
Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи сите економски индикатори и случувањата во домашната економија, при што идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од движењата во домашната економија и екстерниот сектор.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.