недела, 17 декември 2017 Вести денес: 0

Хрватска го измени контроверзниот правилник за инспекциска контрола

Хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ денеска донесе одлука за измена на Правилникот за фитосанитарна контрола на овошјето и зеленчукокт увезени од држави што не се членки на ЕУ, со кој цените на инспекциите беа зголемени за над 22 пати.

Ваквата одлука на Толушиќ уследи по жестоките реакции на земјите од западен Балкан, вклучително и Македонија, кои директно беа погодени со ваката одлука на Хрватска донесена на 15 јули.

Со правилникот се предвидуваше цената за инсепкцискиот надзор да изнесува по 2.000 куни (270 евра) за секој вид на зеленчук или овошје, што во пракса значеше дека еден камион кој во Хрватска внесува пет различни видови на земјоделски производи ќе мораше за инспекцијата да плати 10.000 куни (1.350 евра).

Министрите за земјоделство на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на средба во понеделникот во Сараево побараа Загреб под итно да го повлече правилникот. Четирите земји побараа Хрватска да ги прилагоди своите цени за инспекциска контрола со просечната цена во земјите членки на ЕУ и апелираа до Унијата да се вклучи во надминувањето на спорот. Тие најавија и дека ако Загреб не ја повлече одлуката за зголемување на цените на инспекциите, ќе преземат реципрочни мерки кон Хрватска.

Со денешната одлука на Толушиќ за измена на Правилникот, цените за инспекцискиот надзор повторно се враќаат на 90 куни (12 евра).

– Министерството за земјоделство го измени Правилникот за инспекциски надзор на овошје и зеленчук. Измената се однесува на надоместот за контрола на ускладеноста на производите со пазарните стандарди и изнесува 90 куни за секој поединечен вид овошје и зеленчук во рамки на контролите што ги спроведуваат земјоделските и фитосанитарните инспекции. Правилникот ќе биде објавен в петок, на 11 август 2017 година, стои во официјалното соопштение од хрватското Министерство за земјоделство објавено денеска.

Со соседните земји е договорено од утре да нема трговски блокади на границите, а во натамошната соработка ќе се анализираат цените на инспекциските надзори во регионот за да се осигура заштитата на потрошувачите и конкурентноста на производителите на начин кој нема да влијае врз трговската размена.

– Наскоро очекуваме состанок за користењето агрохемиски средства кои не се дозволени во ЕУ, за што поскоро прилагодување на земјоделците од регионот кон правилата на Унијата, се наведува во соопштението.

Заштитата на потрошувачите и натаму останува врвен приоритет на хрватското Министерство за земјоделство, поради што, најавува, и дека инспекциските контроли ќе се спроведуваат со ист интензитет.

– Секоја пратка на овошје и зеленчук во Хрватска мора и натаму да биде во согласност со оптштите пазарни стандарди – неоштетна, здрава, чиста, непрезреана и правилно означена, додека производите мора да издржат транспорт и ракување за на одредиштето да стигнат во задоволителна состојба: без штетници, несоодветен мирис или влажност, наведува Министертсвото.

Одлуката на Толушиќ следи само два дена откако хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека вака пропишаните цени се превисоки и дека ќе бара од министерот за земјоделство да го реши овој проблем во најкус можен рок.

Хрватските медиуми оценуваат дека засега е нејасно дали Толушиќ ќе сноси последици за својата одлука за воведување на новите цени на инспекциските контроли, поради кои Хрватска беше доведена на работ на трговска војна со земјите од регионот на западен Балкан.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.