недела, 17 декември 2017 Вести денес: 0

Груевски: 100 дена лаги, неспособност, партизација, незаконско работење, економско тонење, непромислени потези… овој кошмар може да се прекине на 15-ти октомври

Стоте дена од владеењето на СДСМ и Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги окарактеризира како 100 дена лаги, неспособност, хаос и понижување, партизација, кадровски дебакл, незаконско работење и уривање на институциите, укинување и блокирање на проекти, економско тонење, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези.

-100 дена лаги, неспособност, хаос и понижување. 100 дена партизација, кадровски дебакл, незаконско работење и уривање на институциите. 100 дена укинување и блокирање на проекти, економско тонење, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези. Ова е тоа што го трпеше Македонија и граѓаните на Македонија изминативе 100 дена. Ова е тоа што Зоран Заев на денешната негова прес конференција полна со полувистини и голи фрази, свесно го премолчи. Ова е резиме на начинот на кој што СДСМ владее, истакна Груевски на вчерашната прес-конференција.

Земјоделците се незадоволни, пензионерите разочарани, младината прелажана, национални чувства и достоинство издадени, бизнис заедница и синдикати ставени на маргините, работниците заборавени, ниту еден суштински проект…

-Нашите граѓани заслужуваат подобро. Нашите граѓани сакаат подобро. И може многу подобро од ова. Никого не чуди веќе вртоглавиот пад на нивната поддршка и големата разочараност. Како што дојдоа на власт, така и ја практикуваат. Дојдоа по пат на хаос, нечесно и со тешки манипулации и интриги, и нормално продолжуваат и работат на истиот начин. Ние не очекувавме повеќе и подобро од нив, но сега и тие што очекуваа видоа каков експеримент и се случува на нашата држава. Сега граѓаните ќе можат добро да споредат. Оние кои подзаборавиле како е кога СДС е на власт, може да се потсетат. Токму вака изгледа, а ќе биде и полошо доколку не им застанеме на пат, додаде Груевски.

Овој кошмар, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, може да се прекине на 15-ти октомври.

-Сето ова што и го прават на државата може да прекине на 15-ти октомври. Убедливото мнозинство не се согласува со ова. Казната ќе стигне многу брзо. Народот гледа и одмерува. И ќе им покаже што мисли. Македонија станува повторно на нозе. Ние ќе сме рамо до рамо со него, со секој еден граѓанин и одиме напред силно. Да го запреме овој хаос што го прават.

Според Груевски, ова што го прави СДС на сопствениот народ и држава е рамно на цунами.

-Ова сите ние заедно можеме да го прекинеме и ќе го прекинеме. Со локалните избори на 15ти октомври почнува падот на оваа неспособна власт. Стотици граѓани ме прашуваат зошто не го запреме ова цунами, овој хаос, неспособност, неодговорност и негрижа која сите ја гледаат. Одговорот е дека со 51 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, нашиот маневарски простор еограничен. Само со масовно излегување и гласање против СДСМ на 15ти октомври, ќе започне крајот на овој хаос. Само тогаш народот ја има моќта во своите раце. Поразот на СДСМ на локалните избори не само што ќе биде јасен сигнал од народот за неговото незадоволство од лагите, негрижата и неодговорнсота, туку ќе отвори и можност и потреба за предвремени парламентарни избори во Македонија.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.