вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Пониски даноци, субвенции, повисоки плати, нови фабрики се дел од проектите кои ги направија Владите на Груевски во првите 100 дена

Поминаа 100 дена откако Зоран Заев стана премиер, а СДСМ со помош на Али Ахмети и Зијадин Села дојде на власт во Македонија и покрај поразот на изборите на 11-ти декември

Листата на реализирани проекти во минативе три месеци е речиси празна. Граѓаните изминатиов период ќе го паметат по стравот кој кај нив беше внесен со најавите дека даноците ќе растат, пензиите и платите нема да се покачуваат, странските инвеститори ќе ја напуштаат земјава, луѓе ќе останат без работа…

За споредба, владите на ВМРО-ДПМНЕ реализираа бројни и значајни проекти кои донесоа бенефити за сите граѓани на Република Македонија.

Проекти спроведени во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година

Еден од првите реализирани чекори беше намалување на ДДВ-ти на земјоделски производи од 18 на 5 проценти. Беше воведен и рамен данок. Воведена е нула стапка за оданочување за реинвестирана добивка. Се донесе одлука за замрзнување на непродуктивните трошења за автомобили и набавка на мебел. Воведена е регулаторна гилотина за кратење и укинување на непотребните административни процедури со кои се поедноставени 3000 бирократски процедури.

Во првиоте 100 дена од Владата на Никола Груевски, почна изградбата на фабриката на американската инвестиција Џонсон Контролс во Бунарџик. Се донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за трговски друштва со кој се укина минималниот влог за основање на главнина при регистрирање на друштвата со ограничена одговорност. Беше донесена и одлука за измени и дополнувања на Законот за едношалтерски систем со што регистрацијата на новоформираните друштва која ќе се врши само за три дена .

Во тој перот се воведени реални и повисоки субвенции за земјоделците, 20 милиони евра во првата година со план да достигнат до 140 милиони евра. Се спроведе воведување на транспарентна процедура за распределба на државно земјоделско земјиште, а в оведена е и прецизна динамика, календар за субвенции во земјоделството. Спроведена организирана акција за чистење на запуштените одводни канали.

Во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПММНЕ е распишан тендер за нов трет мобилен оператор, со што цените на услугите за мобилна телефонија драстично се намалија. Се реализира и подобрување на законот за денационализација со кој што се пролонгира рокот каде граѓаните можат да достават барање за денационализација.

Направена беше прогресија во постапката за воведување на биометриски патни исправи. Во тој период почнува тест период за нови лични документи ( биометриски податоци, електорнски чип по европски стандарди).

Воведување на правична тарифа за плаќање на струја на странските инвеститори, укинување на фамозните емисии на акции резервирани само за посебните акционери, отпочнати истраги и полициски акции за борба против коруцпијата во Катастарот, урбаната мафија и економскиот криминал, реформирање на Агенцијата за странски инвестиции со зголемени надлежности и кадровско доекипирање, воведен е софтвер за автоматска распределба на ЦЕМТ дозволите во патниот сообраќај. И ова се дел од проектите и мерки спроведени во првите три месеци на оваа влада. Во тој период, во завршна фаза се активности за отворање на Државен универзитет во Штип.

Проекти спроведени во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2008-та година

Продолжен е проектот за самовработување. Реализирано е ветувањето за повисоки плати 10%, што придонесе за раст на просечната плата во јавниот и приватниот сектор за 9.5%. Во завршна фаза беа подготовките за воведување на бруто плати. Со регулаторната гилотина беа поедноставени нови 39 закони, 14 подзаконски акти, а се укинати 349 правилници и други акти.

Донесена е одлуката за намалување на придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување за 1/3 во периодот 2009-2011 година;.

Во овој период беше укинат придонесот за здравствено осигурување во првите 18 месеци од вработувањето на млади лица до 27 години. Остварени се 300 милиони евра нови странски директни инвестиции и потпишани се 3 меморандуми за инвестирање со компании од Италија, Јужна Кореја и Турција за производство на алуминиумски профили, автоделови и ЛЦД телевизори. Инвестициите изнесуваат 35 милиони евра, а за почеток ќе се вработат 500 лица.

Спроведено е намалување на трошоците за регистрација и хомологација на возила. Изгрден далноводот Штип – Црвена Могила (Бугарија), потпишана е секторска спогодба за ИПАРД програмата која ќе овозможи Република Македонија да може да користи фондови за поддршка на земјоделството и руралниот развој во износ од 31,5 милиони евра.

Во завршна фаза во овој период е демаркација на границата со Косово. Стигна напредна фаза на преговори за целосна визна либерализација. Беа укинати визите за граѓаните на Република Македонија од страна на Израел, а започна примената на спогодбата за укинување на визниот режим меѓу Република Македонија и Република Албанија. Беше донесена одлука на Индија да го употребува уставното име на Република Македонија во меѓусебната комуникација, како и одлуката на Чиле да ја признае Република Македонија под уставното име.

Од 45-те милиони евра, колку што се издвоија за поддршка и субвенции на земјоделието во 2008-ма година, за првите 100 дена беа исплатени над 400 милиони денари за поддршка на житни, индустриски, фуражни култури, лозови и овошни насади и над 150 милиони денари поддршка на сточарите во Македонија. Беа исплатени субвенции од 2.000 денари по хектар за нафта на 22.000 земјоделци.

Беа обезбедени дополнителни 8,1 милиони евра за поволни кредити предвидени за земјоделците. Извршена е транспарентна распределба на нови 16.000 хектари земјоделско земјиште.

Доделени се 50 трактори на земјоделците под поволни услови со 0% камата. Се продолжи со борбата проти корупцијата. Се спроведе акцијата „Пепел”, за расчистување на кривични дела кои се однесуваат на нелегално производство, криумчарење и продажба на цигари, насилство и корупција

Македонија бележи скок од цели 12 места на листата на Транспаренси Интернешинл за борба против корупцијата.

Беше потпишан договор за концесија и модернизација на аеродромите со турската компанија „ТАВ”, инвестиција вредна 200 милиони евра.

Поставен е камен-темелник за станбен објект во општина Аеродром наменет за млади брачни парови, пуштена е во употреба обиколницата на град Скопје од Сарај до Бутел. Започна изградбата на делницата Табановце – Куманово.

Во првите 100 дена на владата пуштен е во употреба патот до Бошков мост, во должина од 15 километри, обезбедени се 120 милиони евра за реконструкција на регионални и локални патишта, започна постапката за набавка на 302 двокатни автобуси за градскиот превоз во Скопје, кои во целост ќе го обноват градскиот автобуски превоз во Скопје.

Беше распишан тендер за доделување на 3 нови 3Г лиценци во насока на направена е дополнителна либерализација на пазарот на електронски комуникации. Донесени се законите за градење и градежно земјиште со цел скратување на процедурите и роковите за добивање на документи.

Англискиот јазик беше воведен од прво одделение, изучување на втор странски јазик и задолжително изучување на предметот етика од шесто одделение.

Беа обезбедени бесплатни учебници за основното образование за деца чии родители не се во можност да купат нови учебници, а се донесе и одлука со која од следната учебна година сите ученици ќе добиваат бесплатни учебници.

Беше обезбеден бесплатен автобуски превоз за учениците од прва година во јавните средни училишта, а во исто време започна реновирање на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.

Таа година беше донесена и одлука студентите апсолвенти да добијат вредносни ваучери за купување компјутер со вредност на ваучерот од 250 евра.

Донесена е одлука за забрана за употреба на пластични кеси која стапува во сила од 1 јануари 2009, како и многу останати мерки. Беше формирано Министерство за информатичко општество во насока на поуспешно спроведување на зацртаните процеси. Во рамките на проектот “Компјутер за секое дете” обезбедени се компјутери во сите средни училишта, во тек е инсталирање на компјутерите во една третина од основните училишта, а подготвена е тендерската документација за набавка на компјутери за преостанатите две третини од основните училишта, како и набавка на 22.000 лап топи за наставниците и професорите.

Овој период се помни по носењето на законот за стечајните работници и започнатиот процес на исплаќање на месечниот надомест од 5.000 денари за овие граѓани.

Започна еднократна финансиска помош за првородено дете во износ од 5.000 денари, финансиска помош за второ дете во износ од 5.000 денари месечно, финансиска помош за трето дете во износ од 8.250 денари месечно, финансиска помош за четврто дете во износ од 11.550 денари месечно, доживотна парична помош од 8.250 денари месечно за мајки кои ќе родат и изгледаат 4 деца, по навршување на 62 години.

Во првите 100 дена од оваа влада започна изградбата на музејот “Македонската борба” во Скопје.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.