недела, 22 октомври 2017 Вести денес: 0

Интервју со Билјана Прличкова, в.д. извршен директор на МАСИТ: МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ на 26 и 27 септември во Скопје

Веќе го најавивте настанот МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ. Може ли да ни кажете повеќе детали, што и каде ќе се случува, како заинтересираните можат да учествуваат?

Станува збор за два настани кои ќе се организираат во рамки на МАСИТ ИКТ денови, на 26 и 27 Септември во хотел Александар Палас, Скопје. На 26 Септември со почеток од 10:30 часот ќе се одржи ФОРУМ на тема Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот, кој се организира во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива (проект финансиран од УСАИД во кој МАСИТ е партнер заедно со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на Северозападна Македонија и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал). На 27.09.2017, со почеток од 10:30 часот, се одржувавториот настан – Конференција за иновативни ИКТ решенијаи истата се организира во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“. Сите детали во врска со двата настани можат да се најдат на официјалната веб страна www.seeita.org, a учеството е бесплатно со задолжителна регистрација на http://www.seeita.org/?2017_registration_form.

Клучните теми кои ќе провејуваат на настанот сеработните односиво ИКТ и иновативноста во ИКТ секторотвоМакедонија. Што всушност ќе се дебатира и зошто токму овие теми?

Ние како Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии постојано ги следиме темите кои се од интерес и значење за нашите компании членки, ИКТ компании. Сите овие теми произлегоа како барање од страна на компаниите членки на МАСИТ за кои беше идентификуван најголем интерес и потреба во изминатиот период. Во рамки на првиот настан, Форумот на 26.09.2017, ќе се дебатира за проблемите на компаниите и предлозите за подобрување на регулативата во однос на регулирање на работните односи во ИКТ секторот. Како резултат од овој настан очекуваме, во рамки на Проектот на УСАИД, да подготвиме и конкретни предлози за измена на регулативата кои во претстојниот период ќе ги упатиме кон надлежните институции. Во рамки пак на вториот ден, ќе се зборува за ИКТ иновациите и потенцијалната соработка со сите чинители (бизнис, влада, образование), ќе бидат претставен и иновативни решенија, трендови и методологии на ИКТ компаниите и ќе бидат претставени успешни странски искуства во делот на поддршка на иновациите.

Што ќе се случува за време на Форумот за работни односи на 26ти Септември и кои теми ќе бидат опфатени?

Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во кој МАСИТ е партнер заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал. Целта на проектот е да им помогне на микро, малите и средни компании да бидат подобро усогласени со законската регулатива, а воедно да им помогне и на бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог со надлежните институции во насока на подобрување на регулативата.

Целта на овој настан е да се обработат и дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи а кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот, односно:

  • Регулирање на работните односи во ИКТ секторот (флексибилност на работно време, прекувремена работа, работа од дома, пракси). На оваа тема ќе зборува Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант кој со долгогодишно искуство во МАСИТ и ИКТ индустријата.
  • Плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/стимулации/награди на вработените). На оваа тема ќе зборува Г-ѓа Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант, која исто така има долгогодишно искуство со МАСИТ и ИКТ секторот.
  • ИКТ и пазарот на труд: Успешни примери и искуства од регионот (меѓународни регулативи и примери, кодекс за работа на ИКТ работни места, даноци за работни места и работа со ИКТ, ИКТ бизнис асоцијации, деловно опкружување и застапување) – Проф. д-р Krassen Stanchev, Експерт од Бугарија, кој има големо искуство во застапување и лобирање на различни теми на ниво на ЕУ.
  • ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со учесниците на настанот во рамки на кои покрај експертите предвидено е учество и на претставници релевантни надлежни институции и Министерства.

Врз основа на презентациите и дискусиите завреме на Форумот, во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива соодветно ќе бидат подготвени и формулирани конкретни барања и предлози за измени и дополнувања на законските одредби од областа на работните односи и заеднички со партнерите во проектот истите ќе бидат соодветно адресирани до надлежните институции. Учесниците на форумот ќе имаат можност активно да учествуваат во дискусијата со поставување на конкретни прашања, предлози и споделување на свои искуства кои ќе бидат земени во предвид при формулирањето на предлозите.

Која е целта на Конференцијата за иновативни ИКТ решенија и трендови и што ќе се дискутира во рамки на истата?

Конференцијата се организира во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“ со цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на ИКТ иновациите и во рамки на истата е предвидено:

  • Воведна дискусија на тема: Како компаниите, науката, и државата ефикасно да соработуваат со цел да го подигнат нивото на иновативност во македонските ИКТ компании?. Во рамки на оваа дискусија своето учество го потврдија претставници од МАСИТ и компаниите членки, Министерот за информатичко општество, Директорот на Фондот за иновации, претставници од факултетите кои едуцираат ИКТ кадар, како и експерт од Северна Ирска кој ќе пренесе искуства и успешни примери на темата.
  • Презентација на иновативни ИКТ решенија, трендови и најдобри практики од страна на ИКТ компании
  • Успешни примери и можности за поддршка на ИКТ иновации во земјата и странство (презентации на добри практики од Северна Ирска ,Регионален центар за социјални иновации; Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ; Balkan and Black Sea ICT Clusters Network)

Што да очекуваме конечно од овој настан? Какви активни мерки или промени се во најава?

Мерките и препораките за измени во делот на работните односи за кои ќе дискутираме финално ќе бидат формулирани на основа на дискусијата за време на Форумот и истите ќе споделени со јавноста и надлежните институции по завршувањето на настанот.

Во однос на иновативноста, ќе се работи понатаму на продлабочување на соработката помеѓу МАСИТ и ИКТ компаниите со државните институции и факултетите со цел реализација на конкретни активности и мерки за поттикнување и поддршка на иновативноста на ИКТ компаниите.

 

 

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.