сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Заев и Рашковски во четири очи му дадоа земјиште за градба на „Тополка“ на Кочо Анѓушев (ФОТО)

Животот за сите кој го најавуваа СДСМ и Зоран Заев, очигледно значи живот за луѓето блиски до СДСМ и оние кои се дел од Владата. Последен пример за тоа е одлуката на Владата со која вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев доби земјиште за градба, земјиште на кое градежните работи се почнати пред да се добие одобрение за градба, пишува порталот Денешен.

Непотизмот на оваа власт очигледно стана секојдневие, коментира експертската јавност. Со одлука на седми ноември, Душтвото за производство, трговија и услуги „МХИ Тополки ДООЕЛ Скопје“, доби согласност за долготраен закуп на градежно земјиште, кое е во сопственост на Република Македонија.

Инаку оваа фирма е во сопственост на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, за кого ова не е прв скандал откако власта ја презема СДСМ, а тој ја презема вицепремиерската функција, која како што велат граѓаните не ја користи за подобрување животот на граѓаните, туку ја користи за свое лично збогатување. Одлуката за доделување на ова земјиште е потпишана од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Граѓаните гласно коментираат дека Заев и Рашковски во четири очи му доделиле на Анѓушев градежно земјиште, на кое и пред да биде дадена дозволата се извршувале градежни работи.

Инаку, ова е само еден од примерите каде што Кочо Анѓушев ја користи својата моќ од позиција на власт. Еден од примерите е тендерот од ЕЛЕМ, кој му беше доделен, откако тој стана вицепремиер, потоа одлуката да не се царини производ кој токму само Анѓушев го произведува во државата и сега доделувањето на градежното земјиште.

Со реакција за овој случај со градежното земјиште излезе и ВМРО-ДПМНЕ. Бојан Стојаноски пред извесен период во изјава за медиумите кажа дека Владата на СДСМ влегува од криминал во криминал со цел фирмите на Анѓушев да можат непреченео да ги тераат своите бизниси.

-Фирмите на Анѓушев кршејќи го законот за градење, отпочнаа со градбата на хидроелектраната „Тополка“ една недела пред законски дозволеното.Со овој случај се докажува дека се е однапред договорено и наместено, се знае кој ќе гради, кој ќе добие одобрение и дека фирмата на Анѓушев е таа која ќе заработи милиони. Имено одобрението за градба издадено на 11-ти септември, станува правосилно на 26-ти септември, датум на кој може да почне изградбата, во спротивност со тоа фотографиите од терен кои ги видовме низ медиумите покажуваат дека фирмите на Анѓушев ја отпочнаа градбата уште на 20-ти септември, рече Стојаноски.

Тој кажа дека медиумите и јавноста веќе алармирале за криминалот на Анѓушев толериран од страна на власта, но надлежниот инспекторат за градежништво и јавното обвинителство не реагирале.

-ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните органи да го истражат целиот случај и да утврдат одговорност, како за одговорното лице, така и за надлежните во институциите кои го дозволуваат ова безаконие. Ова не е прв случај на криминал со цел овозможување на непречено одвивање на бизнисите на Кочо Анѓушев. Владата за случајот „Тополка“ веќе еднаш го прекрши законот, со тоа што дозволи во период пред избори да биде извршена пренамена на земјоделско земјиште во градежно, во спротивност со Изборниот законик, вели Стојаноски.

Според него институциите молчат бидејќи се потиснати под јаремот на партијата на власт, а ваквиот криминал не смее да остане премолчен, туку институциите треба да работат согласно закон.

-ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува сите прекршители на законите дека ваквиот криминал нема да остане неистражен и неказнет. Со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани и ќе се утврди индивидуална одоговорност за секој еден прекршител на законските норми. Доаѓа крајот на ваквиот правен хаос. На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓаните ќе му стават крај на ваквото деструктивно владеење, рече Стојаноски.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.