петок, 15 декември 2017 Вести денес: 0

Студенти по архитектура ќе ги разубавуваат фасадите на Цементарница УСЈЕ

Цементарница УСЈЕ и Архитектонскиот факултет од Скопје објавија конкурс за обнова на фасадните површини на објектите и инсталациите во сопственост на компанијата. Право на учество имаат студентите по архитектура од сите студентски години.
Конкурсот трае до 6. декември 2017 година, а сите заинтересирани студенти ќе можат да се информираат за условите за учество на Интеренет страницата на компанијата www.usje.com.mk на линкот http://usje.mk/upload/pdf/Konkurs_Cementara_2017.pdf или на интернет адресата на Архитектонскиот факултет http://www.arh.ukim.edu.mk/, од каде можат да ги преземат сите материјали потребни за учество.
Како општествено одговорна компанија УСЈЕ, покрај континуираното модернизирање на технологијата и процедурите за производство, го иницира овој конкурс за обнова на фасадните површини на дел од своите објекти и на инсталациите со цел тие уште подобро да се вклопат во нивното непосредно опкружување.
„Иако целокупните наши активности се одвиваат по највисоките принципи што ја регулираат работата на оваа индустрија, ние секогаш правиме чекори кој на дело ја докажуваа нашата јасна определба да работиме во целосна согласност со животната средина. Овој преокт е во таа насока и има за цел дополнително да даде приднес кон тоа. Освежувањето на фасадите ќе значи и користење на нови градежни материјали кои се со високи еколошки стандарди, но и дополнително ќе отвори можност за дополнително хортикултурно уредување на УСЈЕ. И што е најважно, оваа активност е можност за младите студенти да работат на конкретен проект кој со својата комплексност е вистински предизвик и глобален тренд.“, истакна Борис Хрисафов, генерален извршен директор на УСЈЕ.
Компанијата е во континуирана комуникација со сите надлежни институции на локално и на централно ниво, како и со граѓаните и невладините организации во насока на дополнително подигнување на стандардите во сите сегменти од работењето.
„Брзиот развој на технологијата влијае и на науката и на динамиката на развојот на пазарот на труд, особено во нашата дејност. Во таа смисла, како суштински важна се покажува соработката помеѓу научните институции и реалниот сектор. На тој начин, ние сме во тек со потребите на пазарот и промените кои се секојдневни и имаме можност да ги вклучиме во нашите едукативни програми. Оттука, соработката од ваков тип е многу важна, бидејќи дава можност за практична работа во текот на едукативниот процес на идните архитекти. Искрено се надевам дека ќе имаме што повеќе проекти од ваков вид.“, истакна проф. д-р Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет во Скопје.
По завршувањето на конкурсот, 5-члена комисија ќе ги разгледува сите пристигнати идејни решенија и ќе го избере најдобриот предлог. Најдобрите три решенија ќе добијат и парична награда – прва награда во износ од 25.000 денари, втора награда во износ од 15.000 денари и трета награда во износ од 10.000 денари. Дополнително, за откуп на идејните решенија ќе биде исплатен износ од 5.000 денари.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 26. декември 2017 на огласната табла на Архитектонскиот факултет.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.