петок, 15 декември 2017 Вести денес: 0

Како законот за безбедност на сообраќајот на патиштата го регулира проблемот со прскање пешаци

Поројниот дожд кој непрекинато врне деновиве, како впрочем и секоја есен, многу пати создава сериозни проблеми во сообраќајот. Пешаците се често „жртва“ на несовесните и неодоговорни возачи.

РСБСП направи кратка анализа за тоа како овој проблем е регулиран во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и какви резултати дава неговото спроведување во пракса.

Како законот го регулира ова прашање?

Во членот 124 став 2 и 3 од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр.169/15), е предвидено:

(член 124, став 2) Возач кој се движи со возило по коловоз на која има вода, е должен да го приспособи возењето така да не ги прска пешаците, возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

Колку е казната за непочитување на законот?

(член 124, став 3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (2) на овој член.

Сторителот на овој прекршок, на кој му е издаден мандатен платен налог, може да ја плати глобата во рок од осум дена или во рок од 30 дена од истекот на рокот за плаќање на глобата да регистрира негативни бодови според местото на живеење. Ако сторителот доброволно не ја плати глобата или не регистрира негативни бодови, мандатниот платен налог има сила на извршна исправа и се доставува до надлежниот орган за присилно извршување.

Утврдување на прекршокот:

Согласно Законот за прекршоците (Сл.весник на Р.М. бр.124/15), доколку прекршокот е утврден од страна на полициски службеник -лично или со помош на соодветни технички средства, полицискиот службеник составува записник и на сторителот му издава Мандатен платен налог за уплата на предвидената глоба.

Во случај кога прекршокот не е констатиран од страна на полициски службеник или со помош на соодветни технички средства, пешакот може да поднесе пријава во Полициска станица за што се составува записник за прием на пријава, после која доколку се обезбедат потребните докази, на сторителот на прекршокот ќе му биде издаден Мандатен платен налог согласно наведената процедура.

Колку прекршоци се регистирани во 2017 година?

Според евиденциите со кои располага Одделот за криминалистичко разузнавачка анализа и извештаи во Министерство за внатрешни работи, во текот на 2017 година не се регистрирани прекршоци по член 124 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

РСБСП со апел до возачите да бидат внимателни и толерантни кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот. Сите ние сме пешаци, а златното правило во животот и во сообраќајот гласи „ Не им го прави на другите тоа што не сакаш другите да ти го направат на тебе“.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.