петок, 15 декември 2017 Вести денес: 0

Најмалку 120 луѓе работат во ПР и пропаганда за Владата на Заев и Поповски: Народот плаќа, бројката секојдневно се зголемува

Големата државна ПР-машинерија на претходната влада се надградува и проширува. Бројот на лицата што работат односи со јавност и комуникации во министерствата и Владата е зголемен за најмалку 18 лица од лани, покажуваат бројките до кои дојде истражувањето на „Макфакс“.

Во Владата и министерствата во моментот најмалку 120 луѓе работат односи со јавност (ПР) и комуникации, откриваат информациите што „Макфакс“ за 2016 и 2017 година ги доби од институциите преку барања за слободен пристап до информациите.

-Платите и хонорарите на вработените што работат односи со јавност во Владата и министерствата ги чинат граѓаните најмалку 690.000 евра годишно, покажуваат податоците за 2016. Иако сè уште е рано да се спореди сумата потрошена за годинава, која не е завршена, дека пиарот, освен на претходната, ѝ е важен и на новата Влада, говорат бројките на вработените во одделите за односи со јавност, кои и годинава остануваат слични, а некаде има и дополнителни вработувања, информира „Макфакс“.

Порталот пишува дека дури ни оваа огромна бројка не е конечна затоа што лица во секторот односи со јавност Владата продолжува да вработува, па „Макфакс“ анализира дека институциите им доставиле нецелосни информации или имаат вработени што работат односи со јавност, но технички нивните работни места се заведени со други имиња

Најмалку 120 лица во Владата и во министерствата работат односи со јавност, пиар и комуникации, покажуваат податоците што „Макфакс“ ги доби од институциите преку барања за слободен пристап до информациите. Оваа бројка е најверојатно и поголема затоа што кога направивме повторна проверка, дознавме дека некои институции ни доставиле нецелосни информации или, пак, имаат вработени што работат односи со јавност, но технички нивните работни места се заведени со други имиња. Некои од служениците, пак, работат пиар и односи со јавност, но имаат и други работни задачи, па се водат како да се вработени во друг сектор.

-Најмногу вработени што работат односи со јавност и комуникации и информирање има во Владата, каде што најмалку 40 лица работат односи со јавност и комуникации. Во 2017 тие во секторот за односи со јавност дополнително вработиле 25 лица ангажирани со авторски договор, како и еден портпарол и еден посебен советник за односи со јавност во кабинетот на претседателот на Владата. Во владата во 2016 година во Секторот за односи со јавност имало 17 вработени како државни службеници под генералниот Секретаријат и дополнителни 13 вработени лица и 2 портпарола на владата, кои биле задолжени за односи со јавноста директно во Кабинетот на претседателот на Владата или вкупно 32 лица. Вторите 13 лица, како и двата портпарола, веќе не се вработени во Владата.Од 17-те државни службеници, четворица не се веќе во тој сектор, но 13 лица, според старата систематизација и потврдата што ја добивме од владиниот портпарол, се сè уште вработени во секторот за информирање, анализира „Макфакс“.

Годинава за платите на овие вработени досега биле потрошени најмалку 562 илјади евра, но податоците за платите за 2017 не се целосни поради тоа што годината не е завршена, но и поради тоа што некои од институциите дадоа податоци само за шест, седум или осум месеци. Бројките за платите за оваа година реално се многу поголеми од оваа бројка, а бројките до кои дојде порталот може да ги разгледате во табелите во продолжение.

Вработени поради „Шарената револуција“, „Пленумот“, јавната поддршка за СДСМ и партиска послушност!

Освен што е скандалозна ваквата превработеност и што огромен број на лица земаат плата од џебот на македонските граѓани, спорна е и нивната компетентност за работните места кои ги вршат. Ликови познати од „шарените револуции на СДСМ“, јавни поддржувачи на партијата на Зоран Заев и партиски послушници беа наградени со место во ПР секторите во Владата и министерствата.

Министерот Роберт Алаѓозовски за лице со односи со јавност го вработи Петрит Сарачини. Главен на сите протести против минатата Влада, јавен и гласен поддржувач на СДСМ, а учесник и во насилните протести во кои беа повредувани полицајци.

Комичарот Бубо Каров, познат како Цацко исто така е ставен на платниот список на Зоран Заев. Тој е вработен како надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски. Инаку, Цацко беше еден од критичарите на претходната власт, беше дел од протестите против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а држеше говори и на протести пред Македонската Радио Телевизија.

Министерството за финансии за свој портпарол ја избра презентерката на „Фчерашни новости“, Јована Аврамовска. Водеше хумористична емисија со политичка содржина контра минатата власт, спонзорирана од УСАИД, а со тоа си заслужи место во ПР секторот на едно од најважните министерства.

И за “пленумците“ следуваа работни места како награди за послушноста кон СДСМ. Така, во Министерството за образование и наука минатата година вработиле пет лица, а годинава дополнително како советник за односи со јавност во Кабинетот на министерката Рената Дескоска го ангажирале поранешниот пленумец Владимир Делов.

МВР како “строго доверливо“ го држи податокот колку лица работат во нивниот ПР сектор.Сепак, според нивната веб-страница, во Министерството за внатрешни работи се вработени 12 портпароли и советници за односи со јавност, што значи дека во Министерството најмалку 12 лица работат односи со јавност и комуникации, но оваа бројка може да е поголема.

Лице за односи со јавност кое ги држи прес-конференциите во МВР е Тони Ангеловски, екс новинар на 24Вести. Скандалите во неговото назначување започнаа уште првиот ден кога на оваа функција беше ставен по незаконски начин непочитувајќи ги основните правила.Од началник на одделение, Ангеловски стана државен советник за медиуми во МВР.

Тој не е единствениот новинар од телевизија 24Вести кој е близок до СДСМ, па беше награден со работно место во сектор односи со јавност од Владата на Заев. Во Министерството за земјоделство односи со јавност и комуникации работи Соња Трпчевска-Јанковска, која претходно беше новинарка во телевизијата. Марина Узунов од истата телевизија си доби функција портпарол во кабинетот на Кочо Анѓушев.

Превработеност на грбот на граѓаните!

Платите на овие над 120 лица ќе се исплаќаат од џебот на македонските граѓани. Владата на Заев изминатиов период води штетни економски политики поради кои граѓаните трпат. Расте цената на акцизата за дизелот што ќе биде терет за најголем дел од граѓаните, а со зголемените даноци кои се ставаат на грбот на народот исто така овие лица ќе бидат исплаќани.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.