петок, 15 декември 2017 Вести денес: 0

Павловски: Законот за јазиците да се одложи за најмалку три години

Со особено внимание изгледав на Јутјуб одлично сработен прилог на Алсат за тоа што ќе се случи по усвојување на Законот за јазиците. Би сакал да ги замолам и пратениците во македонскиот парламент и сите граѓани со здрав разум во татковината да се изборат тој закон да се одложи за најмалку три години, додека не се проучат неговите корисни, но особено штетни последици. Република Македонија треба психолошки, социјално и граѓански да се подготви за еден феномен кој безусловно ќе финишира како двојазична и двонационална држава, пишува академикот Божин Павловски за Плусинфо.

Кому му е потребно тоа ако се знае дека македонските граѓани со албанска националност се најмногу една четвртина од населението? Тоа ли е приоритет во услови на голема социјална беда и масовно иселување? Според мене, тоа е политичко изживување, нешто како плаќање на репарации. Треба да се одложи додека не се постигне граѓанска еднаквост на социјален план, односно додека апсолутното мнозинство граѓани од сите етнички заедници не изградат платформа за хармоничен соживот.

Сегашниот состав на македонскиот парламент ја има историската шанса да носи закони со јасен граѓански предзнак и ќе биде жално доколку тој ја направи фаталната грешка со претворање на Република Македонија во бинационална држава и со тоа – инспирирање на нови и понови авантуристи – национи. Напротив, граѓанскиот концепт за кој слаткоречиво говори премиерот Заев треба да се приграби како вистинска шанса за излегување од големата економска и друга заостанатост која се користи за манипулирање со чувствата на граѓаните.

Уште еднаш апелирам до пратениците да го одложат овој штетен закон додека не се пронајде квалитетно решение за правата на секој граѓанин во Република Македонија.

Се плашам дека со неговото донесување ќе изгубиме две третини од македонската дијаспора и нејзиниот придонес за татковината. Се плашам дека со тоа ќе се забрза преобразувањето на македонскиот јазик од официјално државен во приватно семеен јазик. Исто така се плашам дека тој на планот на своите јазични производи, книги, весници, магазини, етикети во продавниците, ќе стане безнадежно инфериорен. Ние и сега имаме проблем да изнесеме на пазар книга, весник, производ со македонска етикета, што го компензираме со ентузијазмот на поединци, но по делењето на целата територија со друг, многу посилен партнер, кој јазикот ќе го продава во три држави, ентузијазмот ќе го замениме со малодушност и капитулација.

Во мигов морници ме фаќаат од тоа наше брзање да си наметнеме јазично рамноправен партнер на единствената можна територија каде што може тој да ги ужива нормите на државен јазик. Најмалку што треба да направат умните глави на Македонија е да определат пристојно време во кое ќе се проучат искуствата во светот и реалната состојба во антропогеографскиот простор на Република Македонија.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.