петок, 15 декември 2017 Вести денес: 0

Груевски за „Траекторија“: Обвинети сме за нешто што претходно го правела, а и сега го прави Владата на СДСМ

Судењето за предметот „Траекторија” на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, е одложено за 18 декември.

Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побараа визулено и тонско снимање на судењето.

– Денешното рочиште беше одложено затоа што Судот не ги обезбеди условите што се предвидени во Законот за кривична постапка. Тие услови предвидуваат секое судење да биде снимено видео, тонски или само тонски. Тоа е услов кој се внесе во Законот, изјави адвокатот на обвинетите Еленко Миланов.

Посочи дека ова го бараат затоа што сакаат се она што се случува и се она што ќе биде кажано да биде снимено и да не се грижат тоа на кој начин ќе биде внесено во записникот.

– Од тонскиот запис да можеме да провериме и да бидеме сигурни дека сето она што се случува е реално внесено и во материјалниот записник на Судот, рече Миланов.

По завршувањето на рочиштето, Груевски изјави дека денеска бил повикан на суд за нешто што претходно го правела, а и сега го прави Владата на СДСМ.

– Во минатото владата на СДСМ за изградбата на хидроцентралата „Козјак“ на ист начин и во иста постапка земала кредит од Кина и ја исфинансирала изградбата. Сега кога повторно дојде на власт СДСМ, на ист начин и во иста постапка направен е анекс на договорот што е усвоен во Парлементот и е преточен во закон, рече Груевски.

Ние, како што додаде, сме обвинети за нешто што го правеле и тие.

На новинарско прашање за договорот со кинеската компанија за изградбата на двата автопатишта, поранешниот премиер Груевски рече дека се било направено според закон.

– Парламентот имаше увид на се и сето тоа го прифати и за него гласаа и пратениците на СДСМ, додаде Груевски.

Судот го прифати барањето за снимање на рочиштата и го презакажа судењето за 18 декември, за кога ќе бидат обезбедени услови.

Според СЈО, обвинетите во „Траекторија“ во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. (МИА)

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.