Економија

Валандовскиот референдум за „Казандол“ неуставен

Валандовскиот референдум за „Казандол“ неуставен

Судот смета дека одлуките за референдум се неуставни и незаконити, бидејќи прашањето на концесии не е од локално значење за да може локалната самоуправа да распишува референдум.

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на две одлуки за распишување референдум на локално ниво, донесени од Советот на Општина Валандово на 3 и 10 јули 2017 година.
Одлуките се однесуваа на референдумот за експлоатација на минерални суровини од „Казандол“.
Судот смета дека одлуките за референдум се неуставни и незаконити, бидејќи прашањето на концесии не е од локално значење за да може локалната самоуправа да распишува референдум.

Подносител на иницијативта е поранешниот градоначалник на општина Валандово Николче Чурлиновски.
Чурлиновски во јули минатата година го забрани референдумот за рудници во Валандово. Референдумот, кој беше на иницијативата „Спас за Валандово“ по тримесесечни обиди за закажување, сепак се одржа на 20 август, но не успеа оти немаше доволна излезност.