Хроника

Oбид за грабеж во стан во Кисела Вода, повредена жена

Oбид за грабеж во стан во Кисела Вода, повредена жена

Дваесет и шестгодишна жена синоќа во нејзниот дом во скопската населба Кисела Вода, била повредена при обид за грабеж од страна на две непознати лица.

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен околу 22,30 часот, а се случил на ул.„Архитект Никола Добровиќ“ кога две непознати лица влегле во домот на Ж.Т.(26) и почнале да и се закануваат барајќи и пари.

– Лицата потоа ја турнале на подот и со нож и нанеле расекотини на десната нога и левата рака, по што го напуштиле местото на настанот. Повредената Ж.Т. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.