Хроника

Татко и ќерка тешко повредени во сообраќајка во полошко

Татко и ќерка тешко повредени во сообраќајка во полошко

Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајка што се случи доцна попладнево во близина на мостот во селото Милетино на локалниот пат Брвеница-Радиовце.

Несреќата се случила околу 18:30 часот, а повредените првично се однесени во Тетовската клиничка болница, но поради сериозноста на повредите се препратени на скопските клиники.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски изјави дека до несреќата дошло кога автомобил „Голф 5“ со хрватски таблички што го управувал М.Д.(24) од Радиовце удрил во запрежната кола во која биле 71-годишниот татко и неговата 18-годишна ќерка.

– Увид на местото од несреќата изврши екипа на СВР Тетово и се работи на утврдување на причините, околностите и се друго поврзано со сообраќајката, изјави Јосифоски.