Хроника

Тешка сообраќајка во тетовско, загина малолетник

Тешка сообраќајка во тетовско, загина малолетник

Четиринаесет годишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која денес околу 13.45 часот се случила во тетовското село Голема Речица.

-Лекар од приватна амбуланта во Голема Речица пријавил дека во амбулантата без знаци на живот бил донесен И.И. (14) од Долно Палчиште. Според пријавата, малолетникот на селскиот пат, управувајќи мотоцикл „Крос“ без регистарски ознаки, удрил во паркирано возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Од ударот, 14-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во амбулантата во Голема Речица, каде била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот ќе врши Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.