Македонија

Мицкоски: Нема да поддржиме промена на Уставот со цел промена на името

Мицкоски: Нема да поддржиме промена на Уставот со цел промена на името

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија и исто така ние не дискутираме за идентитетските одредници, потенцираше партискиот лидер Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија 24 Вести.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде изговор за неуспех на некого бидејќи секој оној кој што самиот, како што знаат старите да кажат “си ја закувал чорбата, треба да си ја срка“. Ниту ние ќе дозволиме да бидеме оправдување за неуспехот на некого ниту пак ќе бидеме дел од решение кое што нема да одговори на интересите на Република Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реагира дека владините претставници постојано ги менуваат своите изјави и даваат различни ставови во врска со овој процес. Тоа, според него, го прави и самиот премиер Зоран Заев.

-Прво тој имаше позиција дека ќе имаме референдум, потоа дека ќе имаме одложен референдум, за повторно да ја спомне позицијата дека доколку се дојде до заеднички прифатливо решение истото би било дадено на референдум. Гледаме лиферуваме со можни црвени линии што секако не му помага на процесот, напротив, мислам дека тоа штети на националните интереси на Република Македонија. Се на се, една конфузна ситуација во моментов се случува во овие преговори и за жал мислам дека процесот во моментов се претвора од игра која што треба да понуди решение во блејм-гејм игра. До кога ќе трае и како ќе се менаџира во иднина, мој совет е да биде малку поинаку и подобро визави она што сега се случува, но сепак одговорноста е на тие што го водат процесот од двете страни, истакна Мицкоски во 24 Вести.