Македонија

Ноќниот клуб “43” затворен од власта?

Ноќниот клуб “43” затворен од власта?

Познатиот скопски локал и ноќен клуб “43” кое беше во сопственост на Томе Корнер кој им е познат на повеќе скопски генерации, од пред неколку дена е затворен и отиде во историјата.

Сопствениците Томе Корнер и неговата сопруга со емотивни пораки на социјалните мрежи се збогуваа со публиката на ноќниот клуб и објавија дека повеќе нема да работи.

Според преписките на социјалните мрежи, но и од добро упатените, коментарите се дека се работи принудно затворање на локалот од можна конкуренција на луѓе блиски до власта.

Дали повторно ќе се отвори локалот “43” останува да видиме.

На ист принцип во предизборието од страна на власта беа затворени повеќе скопски локали.