Македонија

Уште една вносна зделка, адвокатот на Заев, Медарски станал адвокат на Телеком?

Уште една вносна зделка, адвокатот на Заев, Медарски станал адвокат на Телеком?

Адвокатот на Зоран Зарв Филип Медарски станал правен застапник на компанијата Телеком, што ќе значи уште еден вносен приход за овој адвокат.

Непознати се критериумите по кој е доделена оваа улога но со оглед на тоа што станува збор за финансиски моќна компанија сигурно се работи за добар бизнис.

Инаку во Телеком се згрижија и многу други апологети на власта.

МКД.МК пред 5 месеци објави дека Замир Мехмети од Шарената Револуција, инаку брат на Ермира Мехмети стана директор во Македонски телеком.

Претходно познато е дека генералниот секретар на Владата Рашкоски беше претседател на собранието на Телеком по што се повлече а на негово место дојде Тања Илиевска која работи во канцеларијата на премиерот Заев.

Инаку Филип Медарски е човекот кој има широка распространета мрежа на роднини во Судот. Додека Филип Медарски му е адвокат на Заев во серијата кривични предмети кои се водат против него, неговата мајка, Елица Медарска е обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје. Истовремено, неговата сопруга, Софија Медарска работи како судијка во Основниот суд Скопје 2. Но тука не е крајот на семејната мрежа. Таткото на Софија Медарска Ристе Спасов беше секретар на Судот а сестрата на Филип Медарска, Ана, работи на прием на тужби против Република Македонија во Стразбур.