Сцена

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ: Конечно утврдено кој ја убил Јелена Марјановиќ

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ: Конечно утврдено кој ја убил Јелена Марјановиќ

Вишото јавно обвинителство во Белград покрена обвинение против Зоран Марјановиќ за убиство на сопругата Јелена Марјановиќ на 2 април 2016 година на насипот во белградската населба Борчач, а според неофицијални онформации, наскоро ќе бидат успасени и соучесниците.

Обивнението било проследено во Вишиот суд во Белград вчера кон крајот на работното време, а ќе му биде доставено и на Марјановиќ. Потоа судот ќе одлучи дали ќе го потврди обвинителниот акт или ќе го врати на дополнување на истрагата.

Деталите на обвинението не се познати, но според едно претходно соопштение на судот, Марјановиќ се товари за „свирепо убиство на својата сопруга, кој во извршувањето покажал особена упорнпст и безобразност“.

„Постои основано сомение дека обвинетиот со неутврден предмет ѝ задал пвеќе удари во главата на Јелена Марјановиќ, нанесувајќи ѝ кршеници на черепот, а потоа ја потопил во каналот, по што починала“, се наведува во решението на Апелацискиот суд, кој во декември му го продолжил притворот за уште три месеци.