Сцена

Живееме во скриена камера: Мртвиот Љубиша Самарџиќ изрази жалење за смртта на Небојша Глоговац (ФОТО)

Живееме во скриена камера: Мртвиот Љубиша Самарџиќ изрази жалење за смртта на Небојша Глоговац (ФОТО)

Српското новинарство доби уште една тура неуки новинари на кои тастатурата им е побрза од точната информација. Така, по смртта на Небојша Глоговац, порталите ги преплави веста дека актерот и режисер Љубиша Самарџиќ, кој почина во септември минатата година со заедничка фотографија се разделил од помладиот колега.

И да биде уште полошо – Самарџиќ бил многу потресен, според поднасловите на текстовите.

Корисниците на Твитер, каде што се објавени принтскрини од срамните текстови на српските портали, освен што се згрозени од „новнарскиот превид“, коментираат дека српското општество живее во скриена камера и овие грешки се толку надреални што треба веднаш да им се одземе граѓанското право на оние кои си го дозвилиле ова.

Српското глумиште во последните неколку години остана посиромашно за плејада првенци, актери кои ја одбележаа српската, но и југословенската театарска и филмска сцена. Во „Кафеаната на бесмртните“ заминаа Љубиша Самарџиќ, Бата Живоиновиќ, Драган Гага Николиќ, Павле Вујсиќ, Бата Стојковиќ, Зоран Радмиловиќ, Момо Капор, Тома Здравковиќ, Јосиф Татиќ, Петае Краљ и Драгомир Бојаниќ Гидра.

Битката со ракот не ја добија и помладите Маринко Маџгаљ, Небојша Глоговац…