Скопје

Хаос во Матично: Директор нема – нема венчавки, изводи, наследство…

Хаос во Матично: Директор нема – нема венчавки, изводи, наследство…

Повеќе од еден месец Управата за водење на матичните книги нема овластен потписник, па 500 вработени се без плата, нема кој да стави потпис. Како што дознава Вечер, поради тоа што нема овластен потписник, се трупаат и други документи и барања кои се примаат, но не може да се решат. Се работи за одобренија за венчавки во ресторани, станови, односно на места надвор од матичната служба, кои секој ден може да престанат да се вршат, зашто нема кој да потпише одобрение. Исто така, има проблеми со извршните, оставинските, судските постапки за кои се бараат документи од Управата. За издавање на тие документи Управата има рокови кои сега не може да ги запази. Не можат да завршат работа ниту амбасадите кои доставуваат барања за податоци за наши иселеници.

Од август лани до почетокот на минатиот месец, директор на Управата беше Ѓоко Котевски, кој потоа замина за прв човек на затворот во Шутка. Оттогаш, односно повеќе од еден месец, матично нема овластен потписник, поради што, меѓу другото, ни вработените, кои ги има 500 низ целата држава не земале плата и не знаат кога ќе ја земат. Што се случува во “обезглавената# Управа за водење матични книги најдобро може да се види на шалтерите на кои се вадат документи, каде нервозни граѓани чекаат во редици и неизвесност кога и дали воопшто ќе ја завршат работата.

Целиот текст ТУКА.