Скопје

Поради минусните температури кафе бар во Скопје дава можност за преноќевање на животинчиња на кои им е потребно!

Поради минусните температури кафе бар во Скопје дава можност за преноќевање  на животинчиња на кои им е потребно!

Секоја чест за Берлин бар кој се наоѓа во близина на железничката станица во Скопје. Поради минуснисте температури тие на својот Фејсбук профил објавија дека овозможуваат ноќевање и оброк на животинчињата кои им е потребно.

Поради минусните температури Берлин бар ве замолува доколку видите или знаете за животинче на кое му треба место да се стопли, да преноќи и да добие оброк да ни се обратите во порака за да може да го земеме кај нас, или слободно донесете го. Ќе бидеме среќни да помогнеме, стои во Фејсбук статусот споделен на официјалната страна на барот.