Спорт

ФОТО: Од смртна постела пред една година, до бронзен медал денеска на Олимпијада!

ФОТО: Од смртна постела пред една година, до бронзен медал денеска на Олимпијада!

Канаѓанецот Марк Мекморис го освои бронзениот медал во категоријата слоупстајл во сноуборд и тоа немаше да биде некоја сензационална вест, доколку не го знае минатото на овој спортист.

И тоа не така далеку, пред само 11 месеци Марк се бореше за својот живот во болница во Ванкувер, откако заработи тешки повреди при пад на скијање и едвај преживеа:

Според неговите зборови, тој удрил во дрво и „бил сигурен дека ќе умре“, но лекарите и пред сѐ господ како што вели тој го одржаа во живот.

Спортистот смогна сили да се опорави и за 11 месеци од „смртна постела“ стигна до подиум на Олимписки игри. Тоа е моќта на олимпискиот дух…