Свет

21-годишната Изабела не ни помислувала дека ова ќе биде нејзината последна фотографија!

21-годишната Изабела не ни помислувала дека ова ќе биде нејзината последна фотографија!

21-годишната Србинка Изабела Тодоровиќ исчезнала на 3-ти ноември минатата година, а нејзиниот леш замотан во тепих бил пронајден на 31-ви јануари во шума кај Зезикон во кантонот Тургау. Објавена била и нејзината последна фотографија, која се појавила на Фејсбук од еден клуб во Цирих.

Полицијата во меѓувреме утврдила дека Изабела последен пат била видена жива во станот на Латиноамериканецот Ј.Б., кој го изнајмил во општината Тундорф. Станот бил оддалечен 6 километри од местото на кое Избаела била пронајдена мртва. Соседите велат дека откако е пронајден нејзиниот леш, повеќе не го виделе Ј.Б.

“Веќе долго време не сме го виделе неговиот бел “Ренџ Ровер” и не можам да кажам дека сум несреќен поради тоа”, вели соседот Р.С.

“Во станот цело време имаше бука и галама, посебно навечер. На паркингот имаше автомобили од половина Швајцарија. Понекогаш добри автомобили, а понекогаш стари и лоши. Често гледав таксија во кои доаѓаа девојки и жени и подоцна си заминуваа”, вели друг сосед.

Обвинителството потврдило дека е уапсен Латиноамериканецот под сомнение дека извршил убиство. Инаку, Ј.Б. има холандско државјанство и државјанство на Венецуела, а имал и право на престој во Швајцарија.

Ј.Б. и претходно бил пријавуван за кривични дела поврзани со дрога. Бил уапсен кон крајот на ноември, но ослободен пред божниќните празници. Во тоа време сопственикот на шумата, Манфред Хунцикер за прв пат го видел тепихот.

Меѓутоа, дури по еден месец повторно го погледнал внимателно и доживеал шок кога видел дека во него има замотано тело на мртва девојка.

Уште не е јасно колку долго и зошто Изабела била во станот на Ј.Б. Се претпоставува дека била негова гостинка.

Изабела последен пат контактирала со нејзината мајка преку СМС, во кој напишала дека после работа ќе оди со колега на пијалак. Рекла и дека наутро ќе тргне дома со воз.

“Сигурна сум дека моето дете страшно патело. Телото и било осакатено, ми кажаа дека би било подобро да не одам да ја видам”, вели нејзината мајка Виолета.