Свет

Владата доделува 100 автомобили во наградна игра

Владата доделува 100 автомобили во наградна игра

Владата на Србија, преку наградната игра „Земи сметка и победи”, доделува 100 автомобили, двојно повеќе од минатата година.

Како што јавуваат српските медиуми, Владата минатиот месец одлучила, меѓу другите вредни награди, на играчите на среќа да им подели дури 100 патнички автомобили.

Државната Дирекција за имот доби задача најдоцна до 12 февруари да обезбеди нови возила за среќните добитници.

Наградниот фонд на државната лотарија годинава се очекува да биде 270 милиони динари (140 милиони дeнари).