„Windows“, кој се појави во 1985-та година, останува суштински дел од бизнисот на „Microsoft“. Во вториот квартал, „Windows“ оствари приход од 6,6 милијарди долари, што е 14% од приходите на хардверот и софтверот кој го нуди компанијата. Успешното лансирање на „Windows 11“ може дополнително да ја обезбеди иднината на франшизата, што би можело да поддржи други делови од бизнисот на „Microsoft“, како „Azure“ и „Office“.

Како и со претходните ажурирања, „Microsoft“ ќе ги користи податоците на уредот и другите фактори за да утврди кои уреди први ќе ја добијат новата верзија, рече генералниот директор на „Windows“, Арон Вудман, во објавата на блогот на компанијата.

На компјутери со „Windows 10“, кои може да ги вклучат потребните компоненти за поддршка на „Windows 11“, „Windows Update“ ќе ги извести кога е достапно ажурирањето. Корисниците исто така можат сами да проверат во Settings > System > Windows Update.

„Windows 11“ има модерен изглед, со заоблени агли и икони. Новите звуци вклучени во оперативниот систем се дизајнирани така што тие не навлегуваат кај корисниците. „Microsoft“ го промени менито „Start“, „App Store“ и апликацијата „Settings“, и сега е полесно да се организираат повеќе програмски прозорци на екранот.

Ажурирањето беше направено откако „Microsoft“ се соочи со зголемена конкуренција од „Chromebook“, кој работи на „Chrome OS“ на „Google“. „Chromebook“ може да работи со апликации за „Android“.

„Microsoft“ го објави „Windows 10“ во 2015-та година, што е најдолгиот период досега помеѓу две последователни верзии на оперативниот систем. „Windows“ стана најпопуларниот оперативен систем за компјутери во светот и има 1,3 милијарди месечни активни уреди. „Microsoft“ ќе продолжи да го поддржува „Windows 10“ до 2025-та година. Компанијата им нуди на корисниците да се држат до него доколку нивните компјутери не можат да работат со „Windows 11“ и не сакаат да купуваат нови уреди.

На 24-та јуни, „Microsoft“ го објави „Windows 11“ како наследник на „Windows 10“, а четири дена подоцна го стави на располагање за тестирање на претплатници на „Windows Insider“.