Живот

Тоа што прво гледате на фотографијата ја опишува вашата личност!

Тоа што прво гледате на фотографијата ја опишува вашата личност!

Погледнете ја оваа фотографија и кажете искрено што забележавте прво на неа. Без многу размислување и разгледување што прво ви падна во око:

1. Лице
2. Човек кој чита
3. Јаболки

 

1.Лице

Научете да се опуштите
Ако прво забележавте големо лице преку целата фотографија, вие имате навика во животот секогаш да ја гледате пошироката слика. Вие сте објективна личност и поради тоа често ви кажуваат дека сте бесчувствителни или дека немате емпатија, што не е вистина. Одлуките ги носите така што секогаш размислувате неколку чекори однапред и не се оптоварувате со ситници. Во вашата глава секогаш имате одредена цел, јасно знаете што сакате и се стремите да го остварите тоа.
Најголема маана: Често заборавате дека малите работи го прават животот и не умеете да се опуштите.

2. Човек кој чита

Премногу сте негативни
Ако првата работа што ја забележавте на фотографијата е човек кој седи и чита книга, вие сте фокусирани на сржта на проблемите. Често умеете да бидете песимисти и од мал проблем во својата глава да направите голема работа. Сепак, добро ви оди решавањето на проблеми и супер се покажувате во кризни ситуации затоа што не се плашите од судири и директни и болни решенија.
Најголема маана: Не умеете да се фокусирате на позитивните работи. Во секоја ситуација го пронаоѓате негативното и се обидувате секогаш да мудрувате.

3.Јаболки

Не ја гледате пошироката слика
Ако прво забележавте јаболки на дрво – вие сте непоправлив оптимист. Посветувате внимание на детали и генерално сте човек кој би можел да помине низ шумски пожар,  да не го ни забележи затоа што цело време ќе ги гледа пеперутките и ќе си размислува колку се убави. Среќни ве прават и најмали работи, весели сте по природа и секогаш сте онаа личност на која сите пријатели и се доверуваат.

Најголема маана: Поради фокусираноста на детали, не ја гледате пошироката слика. Добри сте во односите со луѓето, но лоши сте во кризни ситуации.