Живот

Велешанецот Диме на FB ја моли сопругата да му се врати: Бев лош сопруг прости ми (ФОТО)

Велешанецот Диме на FB ја моли сопругата да му се врати: Бев лош сопруг прости ми (ФОТО)

Диме изгледа добро ја зезнал работата со својата сопруга Ленче, па сега сака да ги искористи социјалните мрежи за да ја врати, да ја натера да му прости и да ја убеди дека повеќе нема да ги повторува грешките.

Нема многу информации како Диме влегол во овие проблеми, но од она што може да се забележи, очигледно станува збор за нешто поврзано со Facebook, а искусните знаат дека оваа социјална мрежа може да ви го загорчи бракот, особено ако не знаете како да работите со неа. Диме очигледно немал многу искуство, па затоа, сега мора јавно да и се извинува на сопругата признавајќи ја грешката.

И ако на прв поглед ви личи дека сакаме да му фаќаме сеир на човекот, грешите. Нашата цел е да му помогнеме привлекувајќи го вниманието на јавноста но и на неговата сопруга Ленче, која најдобро знае дали Диме заслужил да му биде простено.